Обрасците можете да ги пополните и да ги доставите онлајн или да ги испратите по пошта на Триглав Осигурување АД, Скопје, Бул. 8-ми Септември бр.16, 1000 Скопје со назнака: За офицерот за заштита на лични податоци или на е-адресата officer.lp@triglav.mk
Го задржуваме правото дополнително да Ве контактираме за време на решавањето на Вашето барање со цел да го потврдиме Вашиот идентитет, да спречиме можна злоупотреба како и со цел целосно да одговориме на Вашето барање, во случај кога барањето не ги содржи сите информации потребни за негова обработка.