1.1 Со општите услови за
користење на мобилната апликација Triglav Prijava (во натамошниот текст: „општи услови“) Триглав Осигурување
АД, Скопје со седиште на бул.8-ми Септември бр.16, Скопје (во натамошниот текст:
Триглав
Осигурување),
ги утврдува обврските, правата и условите за користење на мобилната апликација Triglav
Prijava
Триглав Осигурување.
1.2 Овие општи услови се
употребуваат за мобилната апликација Triglav Prijava, која корисникот ја
инсталира преку продавниците за мобилни апликации, ако со други услови за
употреба што ја регулираат наведената апликација не е определено поинаку.
1.3 Овие општи услови важат
за сите надградби, нови верзии и какви било други измени на мобилната
апликација Triglav Prijava
и другите поврзани дигитални решенија во Триглав Осигурување.
1.4 Со користење на
мобилната апликација Triglav Prijava,
поединецот потврдува дека е запознаен со овие општи услови, дека се согласува
со нив и дека е обврзан со нивните одредби.
1.5 Овие општи услови се
обврзувачки за сите корисници на мобилната апликација Triglav Prijava и на корисниците им се
достапни на веб страната www.triglav.mk.
2. Дефинирање на
поими
Изразите, употребени во
овие општи услови го имаат следното значење:
- Корисник на мобилната апликација Triglav
Prijava може да биде физичко лице,
кое е постоечки клиент на Триглав Осигурување и кое има
склучено договор (полиса) за каско осигурување на возило. Корисник на мобилната
апликација Triglav Prijava може да
биде корисник, односно возач на осигуреното возило;
- Triglav Prijava е
мобилна апликација, која на корисниците им овозможува брзо и едноставно
пријавување на настаната штета по основ на Триглав каско осигурување.;
- Паметен
телефон (Смартфон) или таблет за
потребите на овие општи услови претставува уред, кој овозможува инсталирање и
функционирање на напредни апликации, кои обичните телефони не ги поддржуваат.
Смартфоните или таблетите овозможуваат понапредни можности за пристап до
интернет, мултитаскинг, поврзување и имаат можност за користење на напредни
функции;
- Онлајн
продавница за
мобилни апликации претставува дигитален начин на дистрибуција на апликации и е
наменета за обезбедување или инсталирање софтверски апликации за корисниците и
овозможува пренос на мобилни апликации на паметни телефони.
3.
Разграничување на одговорноста
3.1 Визит карта на Триглав
Осигурување:
Назив:
Триглав
Осигурување АД, Скопје
Адреса: бул.8-ми Септември
бр.16, 1000 Скопје
Даночен
број:
4030993129071
Матичен
број:
4691130
Основен
капитал:
3.009.200,00 EUR
Број
на акции:
60.184
Веб
страна: www.triglav.mk
Е-адреса: osig@triglav.mk
Триглав
Осигурување има дозвола за извршување на осигурителна дејност од страна на
Агенција за супервизија на осигурување (АСО) која што врши и надзор над
работењето на Триглав Осигурување.
3.2 Триглав Осигурување ќе
се залага за:
- непречено функционирање на мобилната апликација Triglav
Prijava, сепак, не е одговорен за прекини или нефункционирање на истата предизвикани од виша сила или дејствија на трета
страна кои не можеле да се избегнат или отстранат,
- воспоставување
на работа на мобилната
апликација Triglav Prijava што е можно побрзо, доколку дојде до прекин или нефункционирање на
истите.
3.3.
Триглав Осигурување не презема никаква одговорност за штетакако и одговорност
за грешки или пропусти во содржината на мобилната
апликација Triglav Prijava, додека Триглав Осигурување го задржува правото да
менува, брише, дополнува и ажурира функции на кој било дел од содржината на мобилната апликација Triglav
Prijava. Оваа одредба не ја исклучува одговорноста на
Триглав Осигурување за штета предизвикана од Триглав Осигурување на корисник
кој, во согласност со законот со кој се уредуваат правата на потрошувачите, се
смета за потрошувач, било со намера или од небрежност.
3.4.
Пристапноста на поединечни содржини и/или содржината на мобилната апликација Triglav
Prijava и нивото на нивната интерактивност зависи и од
начинот на пристап.
3.5.
Триглав Осигурување самостојно го определува опсегот на услуги и условите за
изведување услуги и сѐ
друго во врска со веб страниците и мобилните апликации.
3.6.
Корисникот на мобилната
апликација Triglav Prijava ги користи сите услуги на сопствена одговорност.
Ниту Триглав Осигурување, ниту кое било друго правно или физичко лице кое
учествувало во креирањето и изработката на апликациите не е одговорно за каква
било штета што произлегува од какви било промени во мобилната апликација Triglav
Prijava, траен или привремен прекин на обезбедувањето на
користење на мобилната
апликација Triglav Prijava
или кои било елементи во рамките на апликацијата, какви било грешки или
недостатоци во содржината, неточен внес на податоци, како и фактот дека
корисникот на мобилната
апликација Triglav Prijava
не ги обезбедил податоците од апликацијата и ја зачувал нивната
доверливост. Исклучувањето од одговорност на Триглав Осигурување се применува
без разлика дали Триглав Осигурување бил запознаен со настапувањето на таквата
штета или требал или можел да биде свесен за можноста за нејзиното настапување.
Триглав Осигурување исто така не е одговорен за формата и содржината на
податоците, добиени преку линкови, кои не се во сопственост на Триглав
Осигурување.
3.7.
Триглав Осигурување не е одговорен за какви било информации што се погрешно или
неовластено добиени, пренесени или откриени од корисникот на мобилната апликација Triglav
Prijava, ниту за последиците од таквите дејствија што
предизвикале или би можеле да предизвикаат штета на корисникот или на трети
лица.
4. Преземање на
мобилната апликација Triglav Prijava и
технички услови
4.1 Корисникот може да ја преземе мобилната апликација Triglav
Prijava, во зависност од постоечкиот паметен телефон и во
зависност од достапноста на интернет, преку онлајн или мобилни продавници за
мобилни апликации, секогаш на начин и под условите наведени за избраните онлајн
продавници за мобилни апликации на Apple iOS: App Store или Android: Google Play Store.
4.2 Користењето на мобилната апликација Triglav
Prijava е бесплатно за корисникот, но корисникот е должен
да плати за секој пренос на податоци, кој го наплаќа избраниот оператор според
важечкиот ценовник. Преземањето и користењето на апликациите е можно и во
странство (роаминг) доколку е достапна соодветната мрежа, но преносот на
податоци во странство ќе се наплаќа при преземање и користење, и тоа според
важечкиот ценовник за пренос на податоци од странство преку сигналот GSM/UMTS/
LTE.
4.3 Мобилната
апликација Triglav Prijava
работи на следните оперативни системи: iOS (Apple) или Android (Google).
Поради техничките ограничувања на постарите верзии на оперативните системи,
одредени апликации не се достапни, функциите не работат правилно или
прикажувањето на функциите не е можно.
4.4 За пристап до функционалност на мобилната апликација Triglav
Prijava не е потребна регистрација.
4.5 Mобилната апликација Triglav
Prijava може да се користи исклучиво во согласност со
целите предвидени во овие општи правила и услови.
4.6 Триглав
Осигурување го задржува правото да престане да обезбедува пристап до мобилната апликација Triglav
Prijava или нејзини одделни функции, без претходно да го
извести корисникот.
5. Начин
на пријава на штетен настан преку мобилната апликација Triglav Prijava
5.1 Корисникот на мобилната апликација Triglav
Prijava може да пријави
штета по основ на Триглав каско осигурување брзо и ефикасно со обезбедување и доставување
на потребните податоци и фотографии без пополнување формулари и посети на
Триглав Осигурување.
5.2 Корисник на мобилната
апликација Triglav Prijava може да
биде сопственикот или возачот на осигуреното возило под услов за возилото да
има склучено важечка полиса на каско осигурување.
5.3 Корисникот на мобилната апликација Triglav Prijava
мора да го внесе бројот на полисата за осигурување или бројот на шасија на
осигуреното возило во одреденото полето за време на автентикација, односно во
процесот за проверка на валидноста на осигурителното покритие.
5.4 Корисникот на мобилната апликација Triglav Prijava
мора да ги обезбеди и достави сите задолжителни податоци и фотографии кои се
бараат со цел да се изврши успешна пријава на штета по основ на Триглав каско
осигурување.
5.5 Корисникот може да пријави штета по каско осигурување преку
мобилната апликација во рок од 30 дена од штетниот настан.
5.6 Корисникот има право на 5 обида за неуспешен внес на податоци за
пребарување во еден час.
6. Промена на податоци
6.1 Кога процесот на пријавата на штета е веќе
завршена, корисникот на мобилната апликација Triglav Prijava не може самостојно
да ги менува веќе доставените податоци и фотографии преку мобилната апликација
Triglav Prijava.
6.2 Без разлика на горенаведеното сите промени на
доставените податоци и фотографии преку мобилната апликација Triglav Prijava,
корисникот може да ги промени со писмено известување до Триглав Осигурување на
е-адреса: steti@triglav.mk
или по пошта на адреса Триглав Осигурување АД, Скопје бул.8-ми Септември бр.16,
1000 Скопје.
7. Заштита на
доверливоста и пријава на неовластена употреба
7.1 Триглав Осигурување, сите податоци добиени преку мобилната
апликација Triglav Prijava, кога ги користи ги заштитува како доверливи на
таков начин што ќе спречи нивна неовластена или незаконска обработка, случајно
губење, уништување или менување.