Ви препорачуваме, пред да настапи немил настан, да обезбедите комбинирано осигурување на дом, со што се стекнувате со можност за користење на Триглав домашна асистенција. Jавете се на бесплатниот телефонски број 0800 22 208, или пак на бројот +389 2 320 4038 во асистентската куќа ORYX и наведете ги сите потребни информации:
- Име и презиме
- Број на полиса
- Име и број на телефон на лицето кое ќе биде во контакт со асистенцијата
- Причина за асистенција (дефект, оштетување и сл.)
Асистенцијата ви е на располагање постојано, секој ден во неделата.
- Водоинсталатер (дефекти на водоводни и канализациски цевки)
- Електричар (дефект на електрични инсталации и составот на електрично греење)
- Бравар (во случај на неможност на влез во објект, губење/кршење на клучеви или дефект на брава)
- Cтолар (во случај на кршење на оквир на прозор или врата, оневозможено затворање на прозор или врата)
- Стаклар ( замена на стакла потребни за сигурен престој)
Единствено што треба да направите е да го пријавите случајот, а Триглав ќе ви ја обезбеди помошта.
*Во случаи кога осигуреникот самостојно организира решавање на проблемот, не следува надомест по основ на осигурителната полиса.
*Во случај на искористување на лимитот, можете да се обратите до асистентската куќа, при што услугите ќе бидат наплатени согласно ценовникот на асистентската куќа
Сите нови и постоечки клиенти, кои ги користат услугите за комбинирано осигурување на дом се стекнуваат со правото за користење на Триглав домашна асистенција.
*Ова осигурување важи за осигурениот станбен простор, па во случај на закупување на осигурениот стан, закупецот, во договор со сопственикот, може да ги користи услугите на асистенцијата.
Осигурувањето ги покрива патните трошоци и работната рака за услугите во износ до 10.000 денари годишно, не го опфаќа материјалот за работа.