Одбери пакет за твојот дом

Домот не се само ѕидови, домот е чувство и потреба.

Домот е нашата животна инвестиција. За да го создадеме, потребни се средства, време и енергија, а сето тоа може да исчезне во само еден миг. Со мала инвестиција обезбедете заштита и сигурност на домот.

Инвестирањето во домот е значаен чекор, којшто подразбира постојана посветеност и секако одговорност. Сепак, инвестирањето не застанува во моментот кога ги имаме клучевите во рака, туку продолжува со обезбедување спокојност и сигурност во домот. 

Со пакетите на Триглав - Мој дом осигурете го вашиот дом согласно вашите потреби и можности. Пакетите се флексибилни и ви овозможуваат избор на дополнителни покритија и предмети на осигурување. Креирајте го најдоброто осигурување за вашиот дом.


SAFE пакет – основен сет на покритија, кои што го штитат домот од потенцијално големи штети, кои што можат да настанат поради пожар или кражба. Пакетот може да се надгради со одредени покритија, кои што дополнително штитат од други големи штети. 

 

SMART пакет – балансиран сет на покритија со поголем обем, кои што го штитат домот од најчестите ризици, како што се излевање на вода во домот и одговорност кон трети лица. Пакетот нуди голем број на дополнителни покритија, како и дополнителни предмети на осигурување (споредни простории, како гаражи и подрум, eнергетски ефикасни апарати и уреди, итн.) доколку сакате да го надградите осигурувањето на својот дом.

 

COMFORT пакет – комплетна заштита и високи лимити на покриеност од опасности, што можат да се случат во домот, на семејството и на домашните миленици. Пакетот нуди дополнителни покритија, како и дополнителни предмети на осигурување (споредни простории и предмети, како гаражи и подрум, eнергетски ефикасни апарати и уреди итн.) доколку клиентот сака да го надгради осигурувањето на својот дом.

 

RELAX пакет – основен сет на покритија за викенд куќи, кој што нуди сигурност од пожар и кражба преку целата година. Пакетот може да се надгради со одредени покритија, кои што обезбедуваат дополнителна заштита.


Дополнителни поволности:

- до 25% попуст на лојалност доколку склучите пет-годишен договор за осигурување на домот

- 10% попуст за клиентите кои користат апарати кои се енергетски ефикасни односно начинот на загревање во домот е решен со енергетски ефикасно решение (инвертер клима уреди, топлотни пумпи и сл.), како и апарати кои го намалуваат загадувањето на животната средина (котли за пелети и брикети, чилери и сл.).

- клиентите кои поддржуваат енергетската ефикасност во домот и имаат поставено фотоволтаици, имаат можност за осигурување на истите со попуст до 50%.


Микро дом

Осигурете го домот додека сте на патување во странство.

Заштитете го домот од големи штетни настани, кои што можат да се случат поради пожар или кражба. Микро дом можете да склучите онлајн, во рамки на индивидуална или семејна полиса за здравствено-патничко осигурување. Микро осигурувањето на дом важи во фиксен период, додека сте на патување во странство, а најмногу до 30 осигурени дена.

Цената за микро осигурување на дом е фиксна и изнесува 182 денари.

Обезбедете здравствено-патничко осигурување со вклучено микро осигурување на дом и бидете спокојни додека патувате.

Склучете онлајн

Мој дом пакети

Пожар и некои други опасности
Провална кражба и разбојништво
Трошоци за асистенција
Tрошоци за спречување, намалување или расчистување на штета
Трошоци при обид на провална кражба (поправка на ѕидови, врати, брави...)
Кражба на пари
Кражба на скапоцености
Оружје со дозвола за поседување огнено оружје
Предмети кои се користат врз основа на кориснички права и договор за наем
Исправи и документи
Излевање на вода од инсталации
Одговорност кон/од трети лица
Tрошоци за привремен стан
Лизгање на земјиште
Kршење на стакло (на врати и прозорци)
Осигурување на членови на домот од последици на несреќен случај
Осигурување на миленици (кучиња) од смрт
Расипување на апарати во домаќинството поради дефект на електричната мрежа
Кражба на велосипеди, е-велосипеди и е-тротинети во рамките на осигурениот дом
Продор на атмосферски води од кров
Покритие на трошоци за сервис за хигиенски услуги за чистење на домот
Трошоци за откривање на дефект на водоводни и топловодни инсталации

Дополнителни покритиja

Дополнете го вашиот пакет онака како што ви одговара.

Дополнителни покритија - SAFE пакет
Додадете некои од дополнителните покритија на SAFE пакетот за уште поголема сигурност:

  • Поплава 
  • Земјотрес 


Дополнителни покритија - SMART пакет

Со SMART пакетот ви нудиме можности за дополнително осигурување на предмети како и простории во домот. Дополнете и прилагодете го вашето осигурување токму онака како што ви одговара.

  • Поплава
  • Земјотрес
  • Кршење на застаклени балкони
  • Кршење на санитарии
  • Кршење на стакло на туш кабина
  • Кршење на стакло на стаклени ѕидови и прегради 
  • Кршење на стакло керамички и индукцски плочи
  • Кршење на стакло на аквариум
  • Излевање на вода од аквариум
  • Кражба на уметнички предмети, слики, скулптури, нумизматички или филателистички збирки
  • Осигурување на членови на домот од последици на несреќен случај
  • Осигурување на миленици (кучиња) од смрт 
  • Расипување на апарати во домаќинството поради дефект на електричната мрежа
  • Кражба на велосипеди, е-велосипеди и е-тротинети во рамките на осигурениот дом
  • Kршење на стакло (на врати и прозорци)
  • Останати споредни простории (гаража и подрум)
  • Предмети во останати споредни простории
  • Енергетски ефикасни апарати и уреди
  • Системи за ладење и греење кои не се составен дел на градежниот објект
Дополнителни покритија - COMFORT пакет

За целосна сигурност во домот, додадете некои од дополнителните покритија на COMFORT пакетот.

  • Поплава
  • Земјотрес
  • Кршење на застаклени балкони
  • Кршење на санитарии
  • Кршење на стакло на туш кабина
  • Кршење на стакло на стаклени ѕидови и прегради 
  • Кршење на стакло керамички и индукцски плочи
  • Кршење на стакло на аквариум
  • Излевање на вода од аквариум
  • Кражба на уметнички предмети, слики, скулптури, нумизматички или филателистички збирки
  • Останати споредни простории (гаража и подрум)
  • Предмети во останати споредни простории
  • Енергетски ефикасни апарати и уреди
  • Системи за ладење и греење кои не се составен дел на градежниот објект


Дополнителни покритија - RELAX пакет

Дополнете го RELAX пакетот и осигурете ја вашата викенд куќа со дополнителни покритија кои штитат од поголеми штети и временски непогоди.

  • Поплава
  • Земјотрес
  • Кршење на застаклени балкони
  • Kршење на стакло (на врати и прозорци)
  • Лизгање на земјиште
  • Излевање на вода од инсталации


Најчесто поставувани прашања

Дали смеам да ја поправам настанатата штета во домот пред да добијам повратна информација од осигурителната компанија?

Не, пред да се поправи настанатата штета потребно е да се направи увид од страна на проценител од нашата компанија.  


Mе поплави соседот од станот над мене, дали можам да побарам надомест за штетата што ми е нанесена?

Да, само доколку имате склучено договор за осигурување на домот во кој е вклучен ризикот одговорност и излевање на вода.


Имаше силно невреме и ми ја оштети куќата, дали можам да побарам надомест за штетата?

Да, во случај на силно невреме односно луња може да се поднесе барање за надомест на штета настаната на домот. Луња се смета ветер со брзина од најмалку 17,2 метри во секунда, односно 62км на час и осигуреникот мора да ја докаже брзината на ветерот преку извештај од хидрометеоролошки завод.


Поради гром во мојот дом прегоре куќен апарат, дали можам да побарам надомест на штетатата по оваа полиса?

Во случај на штета настаната од директен удар на гром во објектот односно предметите поднесете барање за надомест на штета.


Колкав е рокот за пријава на штета настаната во домот?

Осигуреникот е должен да пријави кај осигурителот настанување на осигурен случај најдоцна во рок од три дена од денот кога дознал за истиот.


Триглав комплет +

Осигурете ги вашето здравје, домот и автомобилот и заштедете и до 40 %.
Повеќе

Асистенција

За вашиот дом

24-часовна помош за вас и вашите најблиски:

  • Брза помош и решавање на штета,
  • Организација и покритие на трошоци за занаетчиски услуги:
    • Водоинсталатер (дефекти на водоводни и канализациски цевки),
    • Електричар (дефект на електрични инсталации и составот на електрично греење),
    • Бравар (во случај на неможност на влез во објект, губење/кршење на клучеви или дефект на брава),
    • Cтолар (во случај на кршење на оквир на прозор или врата, оневозможено затворање на прозор или врата),
    • Стаклар ( замена на стакла потребни за сигурен престој).
  • Совети и корисни информации.


БЕСПЛАТЕН ПОВИК

0800 90 550

Пријава на штета