Бидете дел од Триглав Осигурување, лидер на пазарот на неживотно осигурување и дел од најголемата осигурителна и финансиска групација во регионот Адриа, со повеќе од 5 000 вработени.
Како Групација, фокусирани сме на креирање на исклучително корисничко искуство за сите инволвирани страни, вклучувајќи ги и вработените. Развиваме организација со разбирање за тековните трендови и социјални аспекти, во кои што ги интегрираме предностите, стекнати со долгогодишната традиција. Спремно се вклучуваме и ги поддржуваме решенијата на предизвиците на денешницата, со кои што како општество се соочуваме и градиме кооперативна и агилна култура, со посебен акцент на континуиран развој, надградба и усовршување на вработените, кои се нашата движечка сила.
Ви нудиме динамична работа, во индустрија, која што во светски рамки забрзано се развива во технолошка смисла и нуди одлични предизвици и потенцијал. Ќе работите во интернационална околина, со можност за континуиран личен и стручен развој, постојано стручно усовршување преку учество на специјализирани курсеви за надградување на знаењето и споделување на добри пракси во рамки на групацијата. Ќе имате можност за работа со современи технологии и непрекинато стекнување нови знаења, како и континуирана соработка на проекти во интернационална околина.
За повеќе информации, контактирајте ја Службата за кадровски и општи работи на hrm@triglav.mk.