Ова осигурување може да го склучи правно или физичко лице. Осигурувањето може да биде индивидуално или групно, при што премијата за едно лице во двата случаи е иста.
Постојат повеќе видови осигурување за спортисти-аматери:
- Осигурување од незгода за спортисти по професија – професионалци;
- Осигурување од незгода за членови на спортски организации – аматери;
- Осигурување на учесници во спортски натпревари и трки;
- Осигурување на трошоци за лекување и за странски учесници на спортски натпревари;
- Осигурување на учесници на масовен рекреативен настан.
Исплатата на дневниот надомест кај спортистите аматери е поврзана со времетраењето на неспособноста за извршување на нивните редовни работни обврски, не со неспособноста за спортски активности.
Врвните и професионалните спортисти се осигуруваат по посебни премиски групи. Исплатата на дневниот надомест трае сѐ додека спортистот не е во состојба да ги извршува своите редовните работни обврски – тренинзи и натпреварувања.