Патувањата во странство најчесто се поврзуваат со пријатни искуства и спомени. Сепак, секогаш можете да бидете изненадени од неочекувани и непредвидливи настани. Затоа, обезбедете се - земете добро здравствено патничко осигурување кога треба да патувате во странство. Ние ќе се погрижиме трошоците што ќе произлезат како последица од непријатните настани да не бидат големо финансиски оптоварување за вас.
Проверете кои ризици се покриени со здравствено патничкото осигурување и која опција повеќе ви одговара. Во зависност од тоа каде, колку долго и со кого патувате, изберете пакет со најдобра гаранција за безбедно патување.
Секогаш кога ви треба помош во странство, јавете се на +381 11 41 44 102, испратете факс на +381 11 411 99 99, или пишете на e-mail operationsr@europ-assistance.hu. Нашата асистенција е достапна 24 часа на ден.
Здравственото патничко осигурувањето важи секаде во светот, освен на територијата на Македонија и земјата каде осигуреникот има постојан или привремен службен престој.