Кога патувате во странство со вашиот автомобил

За покривање на трошоците, што се јавуваат кога ќе предизвикате сообраќајна незгода со вашето возило во странство.

Веројатно се радувате на секое патување и ја сакате слободата што ја имате кога патувате со вашиот автомобил. Но, никогаш не можете да предвидите што може да ви се случи. Можете да предизвикате сообраќајна незгода и во тој случај заштитени сте со вашата зелена карта.

Зелената карта е задолжителен документ, чија валидност е поврзана со времетраењето на вашето осигурување од автомобилска одговорност, и всушност претставува осигурување од автомобилска одговорност во странство. Доколку имате осигурување од автомобилска одговорност кај нас, обезбедете ја исто така и зелената карта.





ЦЕНОВНИК ЗА ЗЕЛЕНА КАРТА

Патнички возила до 66 KW Патнички возила над 66 KW Моторцикли Влечни, специјални, приклучни и работни возила Комбинирани возила Товарни возила и автобуси
1 месец 1850 МКД 3075 МКД 1850 МКД 5536 МКД 9656 МКД 17222 МКД
12 месеци 3690 МКД 5536 МКД


За осигурувањето

Како да постапите при сообраќајна незгода
Надомест на штета
Кои трошоци се покриени?
Обврски по враќање во Република Македонија

Доколку доживеете сообраќајна незгода во странство:

  • не го поместувајте возилото;
  • поставете соодветен знак за предупредување на другите учесници во сообраќајот;
  • погрижете се за повредените лица;
  • повикајте полиција;
  • направете фотографии од местото на настанот и состојбата на возилата;
  • разменете копии од зелените карти со другиот учесник и/или дадете ги истите на полицијата;
  • побарајте белешка од полицијата;
  • пополнете формулар доколку полицијата го побара тоа од вас и внимавајте на објективноста на скицата во истиот;
  • доколку имате некаков проблем, јавете се во експозитурата на Триглав во вашиот град или пак во нашиот центар за грижа за клиенти на +389 2 5102 222.

Вие лично нема потреба да надоместувате никаков дел од штетите настанати на трети лица. Потребно е само да ја покажете зелената карта и сите трошоци ќе ги надомести Триглав Осигурување, без разлика на висината на износот, но до законското ограничување на земјата каде што се случила сообраќајната незгода. Триглав Осигурување е членка на Европскиот систем на зелена карта и има свои коресподенти низ цела Европа.

Сите штети предизвикани со вашето возило на трето лице на територијата на земјата каде што се случила незгодата, во ваше име ги надоместуваме ние. Тука спаѓаат:

  • материјални штети (оштетени возила, објекти на патот, итн.);
  • нематеријални штети (повредени лица, загинати лица, надоместоци кон странски здравствени и пензиски фондови, итн.), односно сите штети кои согласно важечките закони во земјата каде се случила сообраќајната незгода им следуваат на трети лица.

Доколку вие лично претрпите повреди, лекарските трошоци ќе бидат покриени преку вашето здравствено патничко осигурување.


По враќање назад во Република Македонија, веднаш пријавете ја штетата во Триглав Осигурување. При описот на незгодата, законски сте обврзани да бидете објективни. Дополнителните

трошоци предизвикани поради необјективен опис ги сносите самостојно. Штетата на возилото, настаната надвор од 

Република Македонија, можете да ја пријавите на следниов начин:

  • лично
  • на e-mail адресата: steti@triglav.mk
  • по факс: +389 2 5102 297
  • по пошта, со писмена изјава
Ова е единствен начин да Ве заштитиме од побарувањата за надомест на штета, кои што се директно упатени до Вас.


Внимание!

Доколку имате сообраќајна незгода во странство за која не сте виновни, вашата зелена карта не ве штити и не ги покрива штетите. Во ваков случај треба да се јавите во бирото за зелена карта во земјата каде е настаната сообраќајната незгода или директно во осигурителната компанија на другата страна, која ја предизвикала незгодата. Таму детално ќе ве информираат што треба да направите. Телефоните и адресите на бироата за зелена карта се наведени на задната страна од зелената карта.

За дополнителен совет можете да се јавите и на нашите телефони, +389 2 5102 102 / +389 2 5102 143, како и во центарот за грижа за клиенти, +389 2 5102 222.

Наједноставен начин да ја надоместите вашата штета, настаната во странство е со каско осигурување, кое што ви нуди целосна заштита.