Доколку доживеете сообраќајна незгода во странство:
- не го поместувајте возилото;
- поставете соодветен знак за предупредување на другите учесници во сообраќајот;
- погрижете се за повредените лица;
- повикајте полиција;
- направете фотографии од местото на настанот и состојбата на возилата;
- разменете копии од зелените карти со другиот учесник и/или дадете ги истите на полицијата;
- побарајте белешка од полицијата;
- пополнете формулар доколку полицијата го побара тоа од вас и внимавајте на објективноста на скицата во истиот;
- доколку имате некаков проблем, јавете се во експозитурата на Триглав во вашиот град или пак во нашиот центар за грижа за клиенти на +389 2 5102 222.
Вие лично нема потреба да надоместувате никаков дел од штетите настанати на трети лица. Потребно е само да ја покажете зелената карта и сите трошоци ќе ги надомести Триглав Осигурување, без разлика на висината на износот, но до законското ограничување на земјата каде што се случила сообраќајната незгода. Триглав Осигурување е членка на Европскиот систем на зелена карта и има свои коресподенти низ цела Европа.
Сите штети предизвикани со вашето возило на трето лице на територијата на земјата каде што се случила незгодата, во ваше име ги надоместуваме ние. Тука спаѓаат:
- материјални штети (оштетени возила, објекти на патот, итн.);
- нематеријални штети (повредени лица, загинати лица, надоместоци кон странски здравствени и пензиски фондови, итн.), односно сите штети кои согласно важечките закони во земјата каде се случила сообраќајната незгода им следуваат на трети лица.
Доколку вие лично претрпите повреди, лекарските трошоци ќе бидат покриени преку вашето здравствено патничко осигурување.
По враќање назад во Република Македонија, веднаш пријавете ја штетата во Триглав Осигурување. При описот на незгодата, законски сте обврзани да бидете објективни. Дополнителните
трошоци предизвикани поради необјективен опис ги сносите самостојно. Штетата на возилото, настаната надвор од
Република Македонија, можете да ја пријавите на следниов начин:
- лично
- на e-mail адресата: steti@triglav.mk
- по факс: +389 2 5102 297
- по пошта, со писмена изјава
Ова е единствен начин да Ве заштитиме од побарувањата за надомест на штета, кои што се директно упатени до Вас.