#Онакога ВОЗИЛОТО ВИ Е НА СЕРВИС, А ОБВРСКИТЕ СЕ МНОЖАТ
Кога ќе го
оставите вашето возилото на сервис, станувате свесни за мноштвото неодложни
активности, кои што секојдневно ги завршувате. Тогаш почнувате да размислувате
дека треба да стигнете на сите неодложни деловни состаноци, дека децата треба
да се однесат и да се земат од училиште, дека имаат вон училишни активности, дека
можеби токму тогаш треба да одите по набавка на намирници и што сѐ не.
Не грижете се, можете
да продолжите да функционирате нормално и да ги реализирате своите планови,
бидејќи со вашата Триглав каско полиса, на користење добивате заменско
електрично возило од Avant Car,
кога вашето возило е на сервис.
КАКО ДО
УСЛУГАТА
Заменското
електрично возило можeтe да го користите по пријава на штета по
каско осигурување, бесплатно во времетраење до 48 часа. Заменското возилото ќе ви
биде доставено од страна на Avant Car
во сервис на територија на град Скопје, со кој што Триглав има склучено договор
за соработка, а во кој што вашето возило ќе биде задржано на поправка подолго
од 24 часа.
Пред
да го оставите вашето возилото на сервис, единствено што треба да направите е
да го контактирате Центарот за грижа за клиенти на Триглав на бројот 0800 02222,
кој што потоа ја презема организацијата на достава на заменското електрично
возило за вас.
ЗА КОГО Е
НАМЕНЕТА ОВАА УСЛУГА
Услугата им
следува на клиентите кои ќе склучат или
обноват Триглав каско полиса во периодот од 05.05.2022 година до 31.12.2024 година.