Погрижете се за сигурноста на сите во возилото

Со ова осигурување по исклучително поволни услови си обезбедувате рехабилитација од повреди настанати при сообраќајна незгода.

Покрај осигурување од aвтомобилска одговорност и каско осигурување на вашето возило, ви препорачуваме да обезбедите и осигурување за лекување на повреди здобиени во сообраќајна незгода. Со ова осигурување по исклучително поволни услови си обезбедувате рехабилитација од повреди настанати при сообраќајна незгода, со вклучено сместување и полн пансион во бањите со кои Триглав има склучено договор.

 

Промотивно ова осигурување можете да го добиете и бесплатно во рамки на Триглав комплет.

Триглав комплет +

Осигурете ги вашето здравје, домот и автомобилот и заштедете и до 40 %.
Повеќе

Поволности

Каско поволности

Како до попуст во каско осигурување од 40% до 70%.

Бидете безбедни кога возите

Сите ваши патувања нека започнат и завршат среќно.

Калкулатор за автомобилска одговорност

Пресметајте ја премијата за автомобилска одговорност.

SOS пакет

Обезбедете си поддршка со покритијата за операции и тешки болести на SOS пакетот. За секој случај.

Често поставувани прашања

Дали при пренос на сопственост на возило се пренесува и стекнатиот бонитет?

При пренос на сопственост на возилото, не е можно преземање на претходно стекнатиот бонус. 


Дали ќе го изгубам бонусот доколку го продадам возилото или ја сменам осигурителната компанија?

Не, при промена на осигурителната компанија го задржувате стекнатиот бонус. Стекнатиот бонус исто така може да се задржи и при продажба на возилото.


Дали при штета на моето возило од страна на непознат сторител или од невреме, имам право на надомест по полиса за автоодговорност?

Не, со полисата за автоодговорност се осигурува одговорноста на корисникот на моторното возило за штетите кои ќе ги причини кон другите учесници во сообраќајот т.н. трети лица, со користење на возилото.

Купив автомобил и полисата гласи на име на стариот сопственик. Дали морам да направам промена на сопственост и во кој рок?

Да, промената на сопственост е задолжителна и треба да се направи во најкраток временски рок.

Колкав е рокот за пријава на штета со Европски записник?

Рокот за пријава на штета со европски записник е 30 дена од денот на настанување на осигурен случај.

Дали може да се додаде покритие за осигурување на патниците или за осигурување на стаклата откако веќе е склучена полисата за осигурување од автоодговорност?

Не, покритието за осигурување на патници и стакла може да се склучи само при склучување на полисата за автоодговорност.

Дали издавате потврда за немање штети?

Да, потврдата се издава со поднесување на писмено барање од страна на барателот. Потврдата се однесува за период од најмногу 10 години наназад и истата изнесува 1.000,00 денари.