При патување надвор од границите на нашата држава, задолжително треба да поседувате зелена карта, што всушност претставува осигурување од автомобилска одговорност во странство.
Зелена карта е поврзана со вашето осигурување од авто-одговорност, така што нејзината валидност престанува со важност со истекот осигурувањето од авто-одговорноста.
Со зелената карта ќе бидете безбедни од финансиска загуба, доколку во странство во случај на сообраќајна незгода со вашето возило предизвикате штета на предмети и штети на трети лица, обврската за надомест на тие штети во ваше име ќе ги надомести Триглав Осигурување.
- материјални штети (оштетени возила, објекти на патот, итн.);
- нематеријални штети (повредени лица, загинати лица, надоместоци кон странски здравствени и пензиски фондови, итн.), односно сите штети кои согласно важечките закони во земјата каде се случила сообраќајната незгода им следуваат на трети лица.
Надомест на лекарски трошоци за Ваши лични повреди, како предизвикувач на сообраќајна незгода во странство, можете да си обезбедите со здравствено патничко
осигурување.
Наједноставен начин да ја надоместите штета на вашето возило настаната во странство е со Каско
осигурување. Цената за оваа осигурителна услуга е неспоредливо ниска во однос на несаканиот трошокот кој што може да настане при сообраќајна незгода во странство.
Напомена: Согласно одлука на Управниот одбор на Советот на Бироа во Брисел (која е задолжителна за нашата држава) од територијалната важност/покритие на зелените карти се исклучени државите
Русија и Белорусија.
Триглав Осигурување благовремено ги известува своите клиенти, кои веќе имаат зелена карта, како и оние, кои ќе обезбедат зелена карта по 30-ти јуни, 2023 година, дека по овој датум истата нема да има важност при влез во Русија и Белорусија. Поради тоа, осигурителната компанија нема да може да врши исплата на евентуални штети, настанати во една од овие држави, по 30-ти јуни, 2023 година, без оглед кога возилото со македонски регистарски таблички направило влез во нив. Возилата со македонски регистарски таблички ќе треба да го регулираат осигурувањето, кое што ќе важи во овие две држави по 30-ти јуни, 2023 година, согласно нивните национални законодавства, без оглед на датумот на влез во нив.