За мирна половидба

Погрижете сè, во случај на штета на вашето пловило, финансискиот терет да не биде преголем за вас.

Со каско осигурувањето се покрива штета поради финансиска загуба или оштетување на трупот на пловилото – моторно пловило или едрилица (со задолжителна опрема, погонски мотори и/или едрата како и дополнителната опрема), која е настаната:

  • во тек на половидба или мирување (во вода или на суво)
  • при извлекување на обалата или сплав како и
  • во тек на транспорт и пренесување на пловилото на копеното, во тек на спуштање на пловилото во вода или за време на излекување на половилото од вода.

Поради опасностите, во продолжение се наведени три вида на покритие А, Б и Ц.

Покритија

Покритие А
Покритие Б
ПОКРИТИЕ В

а) невреме, бродолом, тонење, насукување, судар со друг пловен објект или со било кој друг предмет или пливачки објект, удар во обала или со било кое друго зацврстување, пливачки или патувачки објект, пожар, последица од направена мана на трупот на пловниот објект, и постројките (погонски и други) или опремата, експлозија од мини, торпеда , бомби и други експозивни материјали (освен во време на војна или вооружен судар), допир со воздухоплови, поради натовар или истовар на товарот дозволен за превоз со таков пловен објект, при растовар на товарот од пловниот објект, кражба или насилно одземање на пловниот објект, оштетување од нуклеарни уреди или реактори на пловниот објект како и поради некое друго вонредно влијание или незгода додека пловниот објект се наоѓа во пловидба, мирување или е извлечен на копно или на просторот на бродоградилиштето.

б) невнимание на командирот, пилотот или другите членови на посадата на осигурениот пловен објект.

в) давање на помош со цел за спасување на човечки животи или имотот на други пловни објекти во незгода.

ширината на покритие под А, осигурување од одговорност, делумно оштетување.

а) на трупот на пловниот објект настанати поради ризиците наведени под А

б) на котлите на главите и помошните машини, перките или тркалата и нивните лопати, или осовините, опремата и инвентарот ако тие се последици на насукување, пожар, судар со друг пловен објект или потонување.

в) придонес во генералната хавараија поради осигурените ризици.

 

Ја опфаќа ширината на покритие под А, Б и :

а) сите делумни оштетувања на трупот, котлите, главните и помошните машини, техничките уреди, опремата и инвентарот на осигурениот пловен објект поради било кој осигуран ризик


Триглав комплет +

Осигурете ги вашето здравје, домот и автомобилот и заштедете и до 40 %.
Повеќе