Задолжително осигурување

За време на лет или на земја, воздухопловот може да предизвика исклучително голема штета што произлегува од смрт, лична повреда или нарушено здравје на лица, како и уништување, повреда или загуба на имот.

Европската унија со Уредбата бр.785/2004 пропиша, дека сите сопственици на регистрираните воздухоплови и леталски модели коишто се потешки од 20 кг, задолжително мора да склучат осигурување од одговорност за штета, предизвикана кон трети лица и/или предмети во сопственост на трети лица, за време на лет и на тло.

Врз основа на осигурувањето, осигурителната компанија ќе ја покрие штетата, што произлегува од барањето за надомест на штета, доколку е во врска со користењето на воздухопловот за време на лет или на тло и дошло до штета на: 

  • лица : телесни повреди, засегнато здравје или смрт на трето лице;
  • предмети: уништување, повреда или губење на предмети или багаж

Покриени се и потребните и разумните трошоци со спорови и правни дејствија.

Задолжителни и дополнителни осигурувања за време на комерцијални летови

Не заборавајте

СКЛУЧЕТЕ И КАСКО ОСИГУРУВАЊЕ

Во случај на несреќа или незгода, може да настане многу голема штета на воздухопловот. Каско осигурувањето може да придонесе последиците од штетата да не бидат сериозен финансиски товар.


 

 

Триглав комплет +

Осигурете ги вашето здравје, домот и автомобилот и заштедете и до 40 %.
Повеќе

Најчесто поставувани прашања

Дали можам да осигурам воздухоплов којшто е регистриран во странски регистар?

Осигурувањето од одговорност на сопствениците на воздухопловите и каско осигурувањето на воздухопловот можат да се склучат само за воздухоплови, запишани во македонскиот регистар на воздухоплови.