Донесете вистинска одлука за вашето здравје

Ништо не е поважно од нашето здравје. Изборот на поздрав начин на живот подразбира и носење вистински одлуки за негова заштита.

Кога треба да се лекуваме, неопходно ни е осигурување кое што ќе ни гарантира повисок стандард на здравствени  услуги, со кое што ќе ни бидат достапни и специјалистички прегледи, дијагностички анализи, хируршки зафати, лекувања, рехабилитации и лекови, коишто не се покриени со задолжителната здравствена заштита.

 

Затоа, изборот на доброволно приватно здравствено осигурување е првиот чекор кон обезбедување подобра грижа за вас и за вашите најблиски. Триглав Осигурување нуди можност за врвна заштита на вашето здравје, која што одговара на вашите потреби и на вашиот буџет.



Едноставно и брзо до дијагноза и подобро здравје
СПЕЦИЈАЛИСТИЧКО ВОНБОЛНИЧКО И БОЛНИЧКО ЛЕКУВАЊЕ
Ништо не е поважно од нашето здравје. Изборот на поздрав начин на живот подразбира и носење вистински одлуки за негова заштита. Притоа трошоците не смеат да бидат пречка да си ја овозможиме врвната здравствена грижа што ја заслужуваме.
ОПЕРАЦИИ
ОСИГУРУВАЊЕ НА ОПЕРАЦИИ
Осигурувањето на операции е дополнување на осигурувањето на вонболничко и болничко лекување и со него обезбедувате помош и поддршка во најстресните моменти во животот.
МАЛИГНИ ЗАБОЛУВАЊА
ОСИГУРУВАЊЕ НА МАЛИГНИ ЗАБОЛУВАЊА
Осигурувањето на малигни заболувања обезбедува материјално покритие за целата постапка на лекување на дијагностицирана малигна болест, вклучувајќи дијагностика, операции, лекови, како и радио и хемотерапија, неопходни за лекување.
ПАКЕТ ЗА СЕКОЈ СЛУЧАЈ
SOS ПАКЕТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ
SOS пакетот е ново решение за здравствена заштита во рамките на доброволното приватно здравствено осигурување на Триглав, коешто обезбедува покритие за операции и тешки болести.
ПОКРИТИЕ ВО ТЕШКИ МОМЕНТИ
ТЕШКИ БОЛЕСТИ
Осигурајте се од 22 тешки болести и во најтешки моменти обезбедете си еднократен финансиски надомест.

Триглав комплет +

Осигурете ги вашето здравје, домот и автомобилот и заштедете и до 40 %.
Повеќе

Најчесто поставувани прашања

Дали моите лични податоци се безбедни со OneID?

Да, вашите податоци за идентификација се сосема безбедни со OneID.

OneID е мобилна апликација која нуди можност за електронско потпишување и електронска идентификација на физички лица со највисоко ниво на сигурност.

Оваа услуга е обезбедена од Кибс АД Скопје, којшто е регистриран Давател на доверливи услуги и Давател на услуги за електронска идентификација.


Дали клиентите ќе имаат проблем при регистрација на електронски идентитет со документи за лична идентификација со валиден рок, но со старото име на државата.

Доколку документот е со валиден рок на важност, клиентите можат да регистрираат дигитален профил на OneID. Можни се проблеми при верификување на лични карти на стари обрасци, во кој случај клиентот потребно е да се обрати на KibsTrust кој е давател на оваа услуга. Контактите на KibsTrust се е-адреса: helpdesk@kibstrust.com, тел:  02 5513 444.


Што е потребно за да се креира електронски идентитет на OneID?

За издавање на Ваша електронска идентификација - OneID Ви се потребни:

  • Мобилен уред кој поддржува биометриска автентификација
  • Валидна e-mail адреса
  • Мобилен телефонски број (само македонски мобилни броеви)
  • Валидна лична карта или пасош

Напомена: Пред да ја започнете постапката активирајте ги опциите за биометриска идентификација на мобилниот уред (препознавање на лице и отпечаток од прст).

 Чекор 1: Инсталација на мобилната апликација OneID на Вашиот мобилен уред преку AppStore, Play Store или App Gallery, зависно од видот на Вашиот мобилен уред, или преку линкот поставен на веб страницата www.oneid.mk.

Чекор 2: Пополнување на форма за регистрирање на OneID  и давање на согласност за обработка на личните податоци. Прифаќање на условите за користење на услугата и Политиката на приватност. „Регистрирај се“.

Чекор 3: Потврдување на e-mail адресата преку внес на верификацискиот код добиен на истата.

Чекор 4: Најава со корисничкото име и лозинка внесени при регистрацијата.

Чекор 5: Далечинска верификација на идентитетот на физичкото лице. Процесот подразбира автоматизирано утврдување на идентитетот преку фотографирање на документ за лична идентификација (лична карта или пасош), правење на профилна слика (selfie) и видео во живо. После успешната верификација на идентитетот, се преминува кон активација на OneID, генерирање и преземање на квалификуваниот сертификат.

Чекор 6: Активација на OneID и преземање на квалификуваниот дигитален сертификат.


Дали можам да извршам пријава на осигурен случај за член на семејството?

Да, можете да пријавите осигурен случај од доброволно приватно здравствено осигурување, но само за малолетно лице кое е член на вашето потесно семејство.

Според Законот за заштита на лични податоци, медицинската документација претставува посебна категорија на чувствителни лични податоци, не е овозможено полнолетно лице да пријавува осигурен случај по доброволно приватно здравствено осигурување за друго полнолетно лице.


Како да пристапам и како да се најавам на апликацијата за пријава на осигурен случај по доброволно приватно здравствено осигурување на Триглав?

На апликацијата за пријава на осигурен случај по доброволно приватно здравствено осигурување можете да пристапите преку линкот Триглав Осигурување (triglav.mk), се најавувате со внесување на корисничко име (e-mail) и лозинка кои сте ги креирале на OneID апликацијата за да регистрирате Ваш електронски идентитет.


Дали има разлика во начинот за пријава на осигурен случај, односно барање надомест и начинот за барање на гаранција?

Секако постои разлика. За доставување на барање за гаранција за одредена здравствена услуга, најпрво го пополнувате Образецот за барање на гаранција кој може да го најдете на линкот Барање за издавање на гаранција ДЗО - web (triglav.mk) .

  • Во полето Датум на користење на здравствена услуга се внесува датумот од медицинскиот документ кој го прикачувате.
  • Во полето Медицинска документација го прикачувате медицинскиот документ со препораката за која што барате гаранција за здравствена услуга. 
  • Во полето Останато го прикачувате пополнетиот Образец за барање на гаранција.


Дали има друг начин за пријава на осигурен случај освен преку дигиталната платформа?
Проверете ги останатите можности за здравствено осигурување
Погледнете