За издавање на Ваша електронска идентификација - OneID Ви се потребни:
- Мобилен уред кој поддржува биометриска автентификација
- Валидна e-mail адреса
- Мобилен телефонски број (само македонски мобилни броеви)
- Валидна лична карта или пасош
Напомена: Пред да ја започнете постапката активирајте ги
опциите за биометриска идентификација на мобилниот уред (препознавање на лице и
отпечаток од прст).
Чекор 1: Инсталација на мобилната апликација OneID на Вашиот мобилен уред преку AppStore, Play Store или App Gallery, зависно од видот на Вашиот мобилен уред, или преку линкот поставен на веб страницата www.oneid.mk.
Чекор 2: Пополнување на форма за регистрирање на OneID и давање на согласност за обработка на личните податоци. Прифаќање на условите за користење на услугата и Политиката на приватност. „Регистрирај се“.
Чекор 3: Потврдување на e-mail адресата преку внес на верификацискиот код добиен на истата.
Чекор 4: Најава со корисничкото име и лозинка внесени при регистрацијата.
Чекор 5: Далечинска верификација на идентитетот на физичкото лице. Процесот подразбира автоматизирано утврдување на идентитетот преку фотографирање на документ за лична идентификација (лична карта или пасош), правење на профилна слика (selfie) и видео во живо. После успешната верификација на идентитетот, се преминува кон активација на OneID, генерирање и преземање на квалификуваниот сертификат.
Чекор 6: Активација на OneID и преземање на квалификуваниот дигитален сертификат.