За безгрижно земјоделство

Осигурете се град, пожар, гром, пролетен мраз, поплава, луња, суша и други непогоди да не го загрозат вашиот приход поради уништени или намалени посеви.

Одберете осигурување, кое што е кофинансирано од државата преку субвенции. Можете да ги осигурите сите земјоделски култури и овошја што ги одгледувате во неожнеана и необрана состојба. Се осигурува очекуваниот годишен принос, којшто се одредува при склучување на осигурувањето. Можете да ги заштитите културите од следниве опасности:

  • град, пожар и молња (основно осигурување);
  • пролетен мраз, луња и поплава (дополнително осигурување).

Можете да осигурите:

  • лозови насади;
  • овошни насади;
  • житни култури;
  • градинарски култури;
  • индустриски култури.

Договор за склучување на осигурување можете да направите во најблиската експозитура. Сѐ што треба да направите е да обезбедите доказ за сопственост на земјиштето или договор за закуп и да пополните Прашалник за понуда за осигурување посеви и плодови.

Триглав комплет +

Осигурете ги вашето здравје, домот и автомобилот и заштедете и до 40 %.
Повеќе

Најчесто поставувани прашања

ДАЛИ МОЖЕ ДА СЕ ОСИГУРИ МЛАД НАСАД ОД КРАЖБА?

 Кражбата не е опфатена со ова осигурување. Осигурувањето на млади насади покрива штети настанати како резултат на град, пожар, удар од гром, луња, снежна лавина, поместување или изделување на теренот.

ВО СЛУЧАЈ ДА НЕ СУМ СОГЛАСЕН СО ПРОЦЕНАТА КАКВА Е ПОСТАПКАТА?

Во таков случај осигуреникот во рок од 3 дена од соопштувањето на резултатите од процената го известува осигурувачот дека е незадоволен од процената. Осигурувачот во тој случај, ќе му понуди заеднички да определат вештачење од независна овластена институција или агенција за вештачење при што трошоците за истата ги сносат двете страни подеднакво. Доколку осигуреникот не постапи така, процената се смета за конечна.

АКО ДЕНЕС ИЗВАДАМ ПОЛИСА ДАЛИ ПОКРИТИЕТО ВЕДНАШ ПОЧНУВА ДА МИ ВАЖИ?

Покритието започнува во 24:00 часот на седмиот ден од денот наведен во полисата како почеток на осигурувањето. Доколку го вклучите дополнителното покритие за пролетниот мраз тогаш покритието започнува да важи од 1 Април согласно Посебните услови за осигурување од пролетен мраз.


ДАЛИ МОЖЕ ДА ЈА ОСИГУРАМ ПЧЕНИЦАТА ИАКО НЕ СУМ КОРИСНИК НА СУБВЕНЦИИ?

Секој може да се осигури, без разлика дали користи субвенции или не. Сѐ што ви треба е доказ за сопственост на земјиштето или договор за закуп (ако станува збор за државно земјиште потребен е и записник за воведување во владение).

Погледнете исто така