Обезбедете заштита во случај на пролетен мраз

Во периодот од 31 март до крај на месец јуни заштитете ги вашите посеви и плодови од пролетен мраз.


Ова дополнително осигурување можете да го склучите само доколку посевите и плодовите се осигурени од ризиците град, пожар или удар од гром, и доколку се осигуруваат сите плодови од ист вид кои ги одгледува осигуреникот.

Под пролетен мраз се подразбира паѓање на температурата на воздухот под 0°C, доколку настане во периодот од 31 март по 24:00 часот па до крајот на месец јуни.

Триглав комплет +

Осигурете ги вашето здравје, домот и автомобилот и заштедете и до 40 %.
Повеќе

Поволности

60% од премијата се субвенционира од страна на државата

Обезбедете осигурување, користејќи ја помошта од државата.

Проширено покритие за овошни плодови

Одберете проширено покритие за овошните плодови од губење на количина и квалитет.

Плаќајте
на рати

Премијата можете да ја плаќате на рати.

Најчесто поставувани прашања

ДАЛИ МОЖЕ ДА СЕ ОСИГУРИ МЛАД НАСАД ОД КРАЖБА?

 Кражбата не е опфатена со ова осигурување. Осигурувањето на млади насади покрива штети настанати како резултат на град, пожар, удар од гром, луња, снежна лавина, поместување или изделување на теренот.

ВО СЛУЧАЈ ДА НЕ СУМ СОГЛАСЕН СО ПРОЦЕНАТА КАКВА Е ПОСТАПКАТА?

Во таков случај осигуреникот во рок од 3 дена од соопштувањето на резултатите од процената го известува осигурувачот дека е незадоволен од процената. Осигурувачот во тој случај, ќе му понуди заеднички да определат вештачење од независна овластена институција или агенција за вештачење при што трошоците за истата ги сносат двете страни подеднакво. Доколку осигуреникот не постапи така, процената се смета за конечна.

АКО ДЕНЕС ИЗВАДАМ ПОЛИСА ДАЛИ ПОКРИТИЕТО ВЕДНАШ ПОЧНУВА ДА МИ ВАЖИ?

Покритието започнува во 24:00 часот на седмиот ден од денот наведен во полисата како почеток на осигурувањето. Доколку го вклучите дополнителното покритие за пролетниот мраз тогаш покритието започнува да важи од 1 Април согласно Посебните услови за осигурување од пролетен мраз.


ДАЛИ МОЖЕ ДА ЈА ОСИГУРАМ ПЧЕНИЦАТА ИАКО НЕ СУМ КОРИСНИК НА СУБВЕНЦИИ?

Секој може да се осигури, без разлика дали користи субвенции или не. Сѐ што ви треба е доказ за сопственост на земјиштето или договор за закуп (ако станува збор за државно земјиште потребен е и записник за воведување во владение).

Погледнете исто така