Кога има многу малку влага во почвата

Осигурувањето го покрива договорениот дел од штетата, предизвикана од недостаток на влага во почвата, во споредба со долгорочниот просек.

Влагата во почвата е еден од основните услови за раст на растенијата, а со тоа и за постигнување на очекуваниот принос. Во случај на недостаток на влага во почвата поради услови на суша, дел од загубата на очекуваниот принос може да се пренесе на осигурителната компанија.

Основата за одредување на категоријата суша и следствено наплатата од осигурителната компанија е недостатокот на влага во почвата, која се мери секојдневно со помош на сателитски мерења, дури и во случај на облачни денови, и се пресметува за површината на одделна општина.

Од суша можете да осигурите житни култури, како пченица, јачмен, овес, ’рж, тритикале, просо, пченка и соја.

Штетата треба да се пријави во рок од 14 дена од денот на објавата/потврдата на SPI-индексот (стандардизиран индекс на врнежи) од страна на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Можете да осигурите

Житни култури чија жетва е во лето
Житни култури чија жетва е на есен

Во оваа категорија на житни култури спаѓаат пченица, јачмен, овес, ’рж, тритикале и просо.

Овие култури се осигуруваат со индекс SPI 2 (индекс на отстапување од нормални очекувани врмежи во период од 2 месеци) и осигурувањето треба да се склучи до 20-ти април

Надоместот од осигурување  треба да се исплати во периодот од 16-ти април до 15-ти јуни тековната година. 

Осигурувањето на посевите може да се склучи само доколку површините не се оштетени од град, пожар и гром.

Во оваа категорија на житни култури спаѓаат пченка и соја.

Овие култури се осигуруваат со индекс SPI 3 (индекс на отстапување од нормални очекувани врмежи во период од 3 месеци) и осигурувањето треба да се склучи најдоцна до 15-ти мај

Надоместот од осигурување  треба да се исплати во периодот од 16-ти мај до 15-ти август тековната година. 

    Осигурувањето на посевите може да се склучи само доколку површините не се оштетени од град, пожар и гром.

    Висина на надомест

    Штетата се утврдува врз основа на вредностите на SPI-индексот по поединечната катастарска општина, објавени од страна на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

    Висината на надоместот од осигурувањето зависи од сумата на осигурување, т.е. договорената вредност на посевите и вредноста на SPI-индексот (стандардизиран индекс на врнежи).


    Најчесто поставувани прашања

    ДАЛИ МОЖЕ ДА СЕ ОСИГУРИ МЛАД НАСАД ОД КРАЖБА?

     Кражбата не е опфатена со ова осигурување. Осигурувањето на млади насади покрива штети настанати како резултат на град, пожар, удар од гром, луња, снежна лавина, поместување или изделување на теренот.

    ВО СЛУЧАЈ ДА НЕ СУМ СОГЛАСЕН СО ПРОЦЕНАТА КАКВА Е ПОСТАПКАТА?

    Во таков случај осигуреникот во рок од 3 дена од соопштувањето на резултатите од процената го известува осигурувачот дека е незадоволен од процената. Осигурувачот во тој случај, ќе му понуди заеднички да определат вештачење од независна овластена институција или агенција за вештачење при што трошоците за истата ги сносат двете страни подеднакво. Доколку осигуреникот не постапи така, процената се смета за конечна.

    АКО ДЕНЕС ИЗВАДАМ ПОЛИСА ДАЛИ ПОКРИТИЕТО ВЕДНАШ ПОЧНУВА ДА МИ ВАЖИ?

    Покритието започнува во 24:00 часот на седмиот ден од денот наведен во полисата како почеток на осигурувањето. Доколку го вклучите дополнителното покритие за пролетниот мраз тогаш покритието започнува да важи од 1 Април согласно Посебните услови за осигурување од пролетен мраз.


    ДАЛИ МОЖЕ ДА ЈА ОСИГУРАМ ПЧЕНИЦАТА ИАКО НЕ СУМ КОРИСНИК НА СУБВЕНЦИИ?

    Секој може да се осигури, без разлика дали користи субвенции или не. Сѐ што ви треба е доказ за сопственост на земјиштето или договор за закуп (ако станува збор за државно земјиште потребен е и записник за воведување во владение).

    Погледнете ги останатите понуди

    Документи

    УСЛОВИ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ