Согласно одредбите на Законот за заштита на податоците, поимот „корисник“ претставува физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело на кое му се откриваат личните податоци без разлика дали е тоа трето лице или не.
Личните податоци во некои случаи и во пропишаниот обем може да бидат откриени на следниве корисници / категории на корисници:
Други лица, на кои им ги откриваме вашите лични податоци
Личните податоци можат да бидат откриени на други лица кога обработката е неопходна за исполнување на законските обврски на Триглав Осигурување АД, Скопје, и законските надлежности на одредени тела и други носители на јавни овластувања. Таквите случаи претставуваат спроведување на обврските во однос на органите за надзор на Триглав Осигурување АД, Скопје, кои вршат надзор над работењето на пазарот на осигурување, заштитата на потрошувачите, исполнување на даночните обврски, обработка на лични податоци и / или исполнување на други законски овластувања: Агенција за супервизија на осигурување, Управата за јавни приходи, Пазарен инспекторат на Република Северна Македонија, Агенцијата за заштита на личните податоци, Завод за статистика, Државниот инспекторат за труд и други).
Откривања во Групацијата Триглав
Во случај на Ваша изречна согласност, личните податоци може да се обработуваат и за целите, кои што посебно сте ги навеле и во компаниите на Групацијата Триглав, со седиште во Република Северна Македонија, кои се занимаваат со осигурителна дејност и/или финансиски услуги (тука спаѓаат Триглав Осигурување Живот АД, Скопје и Триглав Пензиско Друштво).