Вашите податоци ги собираме и понатаму ги
обработуваме во согласност со прописите, што го регулираат подрачјето за
заштита на личните податоци.
1. Кога добиваме ваши лични податоци?
Вашите лични информации ги добиваме од вас
кога:
• ја користите нашата веб-страница,
• ги користите нашите онлајн или мобилни
апликации,
• сакате понуда за склучување на осигурување,
• склучувате договор за
осигурување (полиса) со Триглав Осигурување АД, Скопје,
• барате информации од нас,
• давате пофалба или поплака,
• пријавувате осигурен случај или пријавувате
штета,
• пријавувате осигурителна измама,
• се претплатувате за да добивате известувања
од Триглав Осигурување АД, Скопје
• сте корисник на други услуги, обезбедени од Триглав
Осигурување АД, Скопје
• сте учесник во наградни игри организирани од
Триглав Осигурување АД, Скопје
• во други случаи, определени со оваа
политика.
Информации за обработка на лични податоци во
врска со склучување и реализација на осигурувања, склучени во Заваровалница
Триглав, д.д., може да се добијат во поглавјето Осигурување и лични податоци.
1.2. При посета на веб-страниците
Нашата веб-страница (www.triglav.mk), е
јавно достапнa и наменетa за користење и за информирање на пошироката
јавност, а овозможува и користење на други функции.
Како посетители на веб-странaта на Триглав Осигурување АД, Скопје секогаш
можете доброволно да одлучите кога и на кој начин сакате да стапите во контакт
со Триглав Осигурување АД, Скопје (по телефон, е-пошта, апликации или онлајн
формулари). Посетителите на веб-страните исто така сами одлучуваат кои
бесплатни интерактивни алатки (на пр. информативни пресметки) ќе ги користат.
Триглав Осигурување АД, Скопје ги
користи податоците поврзани со посета на веб-страницата за следниве
цели:
- за следење и
анализа на работењето на веб страната,
- за техничко
одржување и развој на веб странaта и услугите на Триглав
Осигурување АД, Скопје
- за известувања за
услугите и производите на Триглав Осигурување АД, Скопје и други важни
информации (работење, конкурси, настани итн.)
- за управување на
односите со постојните клиенти и обезбедување на избраните услуги
- како и за други цели,
наведени во оваа политика на приватност.
Кога ја посетувате веб-страницата или веб-апликацијата на Триглав Осигурување
АД, Скопје серверот автоматски собира детали за вашата посета, како што се:
- IP адреса,
- URL адресата на
веб-страницата од која сте пристапиле до нашата веб-страница,
- поставки на пребарувачот
и информации за оперативниот систем на вашиот компјутер или мобилен уред,
- содржина до која
пристапувате на веб-страницата или апликацијата на Триглав Осигурување АД,
Скопје,
- датумот на
пристап и времетраење на посетата на веб-страницата или апликацијата на Триглав
Осигурување АД, Скопје
На веб-страната или веб апликациите и другите
електронски решенија ќе го сретнете и поимот „Колачиња“, со која може
дополнително да се запознаете на линкот Употреба на
колачиња, коишто се
составен дел на оваа политика. Колачиња се мали текстуални датотеки, кои
повеќето веб страни ги сочувуваат во уредите на корисниците, со кои се поврзуваат
на интернет, со цел препознавање на уредите, кои корисниците ги употребиле при
пристапување. Посетителот, односно корисникот на веб страната може да ги
сочува, ограничи или оневозможи колачињата. Колачињата се наменети за
обезбедување подобро прилагодени веб страни, бидејќи ги регистрираат интересите
на поединецот, преференците и искуствата и ја подобруваат ефикасноста на барање
информации, при што не е можно да се идентификува конкретниот корисник.
2.3. При пополнување на онлајн формулари
Во онлајн формуларите по правило се наведени
личните податоци, кои и се потребни на Триглав Осигурување АД, Скопје за да ви ги обезбеди потребните информации,
помош или услуги.
Преку веб страната на Триглав Осигурување АД,
Скопје се достапни следните веб формулари, во кои покрај податоците од
претходната точка, од оваа политика за приватност, може да ги собираме и
обработување лични податоци, како што е
наведено во следната листа:
Медиуми
|
Е-mail за известување, кога од него може да се идентификува поединецот
|
Обезбедување на реализација за склучување на договори за осигурување
|
Склучување на осигурување
|
Име и презиме, е-mail, ЕМБГ, датум на раѓање и други податоци за
идентификација на пример број на полиса (за постојни клиенти).
|
Обезбедување на реализација за склучување на договори за осигурување
|
Побарајте застапник
|
Име и презиме, е-mail, телефон, посакувана локација и датум на посета, желби
|
Обезбедување информации во врска со осигурувања, што ги нуди Триглав Осигурување АД, Скопје
|
Осигурителни измами и пријава на сомнеж за измама
|
Контакт податоци на пријавувачот (име и презиме, адреса, телефонски број, е-mail), податоци за вклучени правни и физички лица, опис на причините за сомнеж за измама и начин на извршување на измамата, начин на утврдување на измамата, проценка на вредноста на штетата и опис, врз што се базира таа проценка, докази
|
Перцепција, разгледување, следење, испитување и заштита од осигурителни измами
|
Поплаки и пофалби
|
Контакт податоци од подносителот (име и презиме, адреса, поштенски број, место, телефон, е-mail), содржина на прикачениот документ (ако лицето го прикачи), вид на известување (пофалба/поплака), содржина на известување.
|
Разгледување, следење на поплаки и пофалби и подобрување на квалитетот на услугите
|
Е-новости за примање бесплатни корисни совети, информации и најнови
поволности
|
е-mail за известување, кога од него може да идентификува поединецот, како и избрани теми од билтените
|
Обезбедување на информираност во согласност со покажаните интереси
|
Центар за помош
|
Адреса на живеење и е-mail адреса
|
Обезбедување помош при настаната штета или потреба за склучување на осигурување
|
2.4 При употреба на е-mail
Поединци
можат до Триглав Осигурување АД, Скопје односно на објавените
е-mail адреси на веб-страницата www.triglav.mk. да испратат електронска порака. Во овој случај,
доброволно одлучувате кои лични податоци сакате да ни ги доверите. Триглав
Осигурување АД, Скопје понатаму ќе го обработи вашиот e-mail и вашата
електронска порака во согласност со содржината на вашата електронска порака и
земајќи ги предвид видот и природата на меѓусебните односи.
2.5 При употреба на телефон
Контакт
со Триглав Осигурување АД, Скопје може да остварите и преку телефон, а може по
телефон да ве повикаат вработени во Триглав Осигурување АД, Скопје или
претставници на договорните обработувачи на Триглав Осигурување АД, Скопје кога
сте изразиле желба за таков начин на остварување на контакт, односно сте се
согласиле за изведување на телефонски повик.
Во
случај на снимање на телефонскиот разговор за тоа посебно ќе бидете известени
пред започнувањето на телефонскиот разговор, односно преку телефонската
секретарка. Снимките се чуваат и обработуваат со цел да се обезбедат докази за
деловната комуникација, односно со цел да се обезбедат фактите и околностите на
разгледуваните случаи и информациите дадени од страна на клиентите во
согласност со одредбите од законот што ги регулира електронските комуникации.
1.6 При снимање настани во организација
на Триглав Осигурување АД, Скопје
Трговската
марка Триглав ја промовираме со организирање на разновидни спортски, културни и
општествено одговорни манифестации, во чии рамки може да ги обработуваме
личните податоци на учесниците.
До
првата обработка на личните податоци обично се доаѓа уште при пријавување на
учесникот, кога треба да се пријави за настанот. Затоа при подготовка на
пријавните се грижиме, да ги собираме само оние лични податоци, кои за
учесниците навистина ни се потребни за самото изведување на манифестацијата,
односно за настанот. Поединецот, при пријавување на настан може да го пополни и
образецот „Согласност за обработка на лични податоци,
односно снимки на кои е прикажан, што значи фотографија и/или видеоснимка.
Обработката на снимките, кои го содржат ликот на поединецот ги вршиме врз
основа на неговата согласност – а уште повнимателни сме кога на снимките има
малолетно лице, помладо од 15 години (во тој случај бараме согласност за
обработка на личните податоци да даде неговиот законски застапник или
старател). Согласност ни е потребна и за изработка на видео, како и за
објавување на веб страните, социјалните мрежи, печатените медиуми итн. Без
согласност ги објавуваме само оние фотографии, на кои лицето не може да идентификува,
односно не може да се препознае, на пример нејасна фотографија, снимка во грб,
детал на прекрстени раце итн.
Поинаку
постапуваме во случај на масовни посети или поголеми манифестации. Секој
поединец, кој ќе земе учество во поголема или јавна манифестација (како учесник
или како гледач) мора да биде свесен дека на таква манифестација веројатноста
дека ќе биде снимен е поголема. Така од вакви манифестации може да снимиме и да
објавиме снимка за настанот како таков, односно да снимиме репортажа, која
вклучува ликови на поединците, при што внимаваме поединецот да не биде
централен мотив на снимката. Пред реализација на вакви манифестации секогаш
објавуваме известување дека настанот ќе се снима. Ако
сакате објавената фотографија, на која вие сте централен мотив на снимката да
се отстрани или ако не сакате да се појавите во кадарот односно не сакате да
учествувате во видео снимката Ве молиме тоа однапред, односно што поскоро да не
известите на oficer.lp@triglav.mk
Триглав
Осигурување АД, Скопје ги обработува фотографиите и видео снимките со цел за
објавување на фотогалерија од настанот, односно видео прилог и дополнителни промоции
за настанот во бази на податоци, кои ги воспоставува, води и одржува во
согласност со прописите, што ја регулираат заштитата на личните податоци и ги
чува пет години од нивното создавање.
1.7 При наградни игри
Кога
учествувате во некоја од наградните игри, што ги организира или во кои како
спонзор учествува Триглав Осигурување АД, Скопје и кога во рамките на пријавата
за учество во наградната игра, односно на настанот сте доставиле ваши лични
податоци, Триглав Осигурување АД, Скопје може да ги обработува вашите податоци
како самостоен контролор на бази на лични податоци или како групен контролор на
базата на лични податоци со организаторот, односно други лица, со кои
соработува при реализација на наградната игра, односно настанот.
Вашите
лични податоци ги обработуваме примарно за цел на реализацијата на наградната
игра, односно настанот и за доделување на наградите и, врз основа на евентуална
согласност, одвоено дадена при пријавата за учество во наградната игра, односно
при одделниот настан. Личните податоци ги чуваме до завршувањето на
реализацијата на одделна наградна игра, односно настан, односно 10 години во
случај на прием на награда, а во случај на согласност, до нејзино отповикување.
Триглав
Осигурување АД, Скопје може да ги обработува вашите лични податоци и за други
цели, но само во случај ако на тоа е обврзано со закон.
Ако
на наградна игра сте добиле награда, чија вредност е поголема од 5.000
денари, Триглав Осигурување АД, Скопје ги обработува вашите податоци и за
целите на уплата на аконтација на персонален данок на доход во согласност со Законот за персонален данок
на доход ги доставува до надлежниот даночен орган. Триглав Осигурување АД,
Скопје ги чува наведените податоци 10 години, согласно со одредбите на Законот.
2.8 Користење на податоци за маркетинг
цели
Ако
при склучување на осигурување или при пријава за учество во наградна игра или
на настан, односно на друг начин сте дале соодветна согласност, Триглав
Осигурување АД, Скопје може да ги обработува Вашите лични податоци и за
следните цели:
За сегментиран (директен) маркетинг, заедно со
создавање профил, кој го изведуваме за маркетинг на своите производи и услуги и
за маркетинг на производите и услугите на компаниите од Групацијата Триглав
|
Во случај на ваша согласност ќе можеме да ви подготвиме понуди, прилагодени токму на вашите потреби, барања и интереси, односно на вашиот профил. Врз основа на детектираните карактерни особини, интереси, навики, потреби, барања и желби, ќе можеме посебно да се посветиме на тоа, во најголема можна мера да ви го понудиме она што навистина ви е потребно. Ќе може редовно да Ве известуваме за понуди прилагодени на вас и за новостите од компаниите во Групацијата Триглав, кои се занимаваат со осигурителна дејност и/или со финансиски услуги. Со оваа согласност ќе може и заедно да се договориме за посета на наш застапник, кој ќе ви ги презентира наведените понуди
|
Во случај да ни дадете согласност за сегментиран
(директен) маркетинг, заедно со создавање профил, ќе може да ги обработуваме вашите следни податоци: име, презиме, адреса, ЕМБГ, датум на раѓање, e-mail, телефонски број, број на мобилен телефон, ако ни ги дадете. Дополнително за маркетинг целите, врз основа на согласноста ги обработуваме и податоците за вашата возраст и/или обемот на осигуреност и/или траење на осигурувањето, за да обезбедиме, во согласност со барањата на Законот за супервизија на осигурување и Законот за облигациони односи дистрибуција на осигурителните продукти, со оглед на видот на осигурителниот продукт, кој е предмет на маркетинг, а да ги почитуваме барањата и потребите на нашите клиенти.
|
За доставување на вашите податоци на компаниите во
Групацијата Триглав со седиште во Република Северна Македонија, кои се занимаат
со осигурителна дејност и/или финансиски услуги со цел известување на понуди
прилагодени на поединецот
|
Со ваша согласност ќе можеме вашите лични податоци од базите, што ги водиме, заедно со веќе создадените профили да ги доставиме до другите компании, кои се во состав на Групацијата Триглав и имаат седиште во Република Северна Македонија, а се занимаваат со осигурителна дејност и/или со финансиски услуги (тука спаѓаат Триглав Осигурување Живот АД, Скопје и Триглав Пензиско Друштвото) и така и наведените друштва ќе можат да Ве запознаат со своите понуди, кои ви се прилагодени вам.
|
друштва во Групацијата Триглав ги доставуваме податоците од формуларот за согласност: име, презиме, адреса, ЕМБГ, датум на раѓање, e-mail, телефонски број, број на мобилен телефон и цели, односно цели за обработка, за кои сте дале согласност.
|
Одредени
активности, во врска со маркетинг целите ги вршиме и во согласност со
своите легитимни интереси и тоа:
- Кога
главна цел е деловна комуникација во врска со Вашите сознанија, склучување и
реализација на договорите за осигурување и пропишани известувања; маркетинг
содржини во овој случај се отпечатени на задната страна на деловните документи
или се додадени во потписот на пратената електронска пошта,
- Праќање
понуди до потенцијални клиенти без претходно создавање профили и праќање понуди
со претходно создадени профили, кога за тоа користиме тесен сет на лични
податоци, кои не се посебна категорија на лични податоци (на пример: лично име,
адреса на постојано или привремено живеалиште, телефонски број, адреса на
електронска пошта, број на телефакс, возраст, пол, вид на склучени договори за
осигурување, време на истекување на договорот).
Повеќе
за легитимните интереси може да прочитате во главата Обработка на лични
податоци, врз основа на легитимни интереси.
2.9 Користење на лични податоци за
реализација на програми на бенефиции
Личните
податоци од своите бази на податоци, Триглав Осигурување АД, Скопје ги
обработува и за потребите за реализација на програмите на бенефиции, односно
понуда на разни бонитети за поволности и дополнителни попусти (на пример
вклучување во Триглав комплет). Вклучувањето во програмата за бенефиции е
сосема доброволно.
Триглав Комплет
Во
програмата Триглав комплет врз основа на пристапната изјава ги собираме
следните податоци:
- Податоци за носителот:
име и презиме, ЕМБГ, датум на раѓање, контакт податоци (улица, број, поштенски
број, место, број на телефон и е-mail)
- Податоци за членот:
име и презиме на носителот на комплетот, име и презиме, датум на раѓање, ЕМБГ,
врска на членот и носителот (на пример, маж, жена, партнер, дете, родител, баба
или дедо, брат, сестра, внук итн.), контакт податоци (улица и број, поштенски
број, место, број на телефон и е-mail)
- Подароци за осигурувањата, вклучени
во Триглав комплет
- Податоци за висината на попустот.