Асистенција при патување во странство

Нашата асистенција ви обезбедува 24-часовна поддршка

Привлечноста во патувањата лежи во потребата од запознавање нови култури, средба со неверојатни архитектури, уживање во уметност и желбата за повторно доаѓање. Бидете безбедни кога патувате. 

Преку патничкото осигурување, Триглав Осигурување во секое време се грижи за Вас.   Во случај на потреба од лекарска помош обратете се на нашата асистенција Europ Assistance Hungary KTF, која што обезбедува 24-часовна поддршка, на телефонскиот број + 381 11 41 44 102

Доколку имате пристап до интернет, имате можност да го пријавите случајот преку онлајн повик, преку онлајн апликација, или на e-адресата operationsr@europ-assistance.hu.  

Видови покритија

Здравственото-патничко осигурување на Триглав овозможува покритие на:

 

  • трошоци за лекување од ненадејна болест и незгода до 30.000 евра;
  • трошоци за итна стоматолошка интервенција дo 150 евра;
  • трошоци за транспорт на осигуреникот во матичната земја во висина од 3.600 еур, 2.400 еур и 7.200 еур а во зависност од полисата за осигурување ;
  • трошоци во висина од 200 евра за купување на неопходни работи, поради авионско доцнење на багаж повеќе од 20 часа.


Полисата за здравствено – патничко осигурување на Триглав ги покрива неопходните трошоци за лекување од Ковид-19.

 

Дополнително, со секоја склучена полиса за здравствено патничко осигурување во Триглав добивате и ПЦР тест или брз антиген тест по поволна цена во Аџибадем Систина:


  • ПЦР тест – 950мкд
  • Брз антиген тест – 900мкд

 

Тестирањето можете да го направите во рок од 7 дена од датумот на издавањето на полисата за здравствено – патничко осигурување. За да го добиете попустот, единствено треба да ја приложите полисата при тестирањето, а резултатот го добивате истиот ден.

 

Повеќе детали за ограничувањата можете да најдете во Условите за здравствено – патничко осигурување.


ШТО ТРЕБА ДА НАПРАВИТЕ ВО СЛУЧАЈ НА ПОВРЕДА ИЛИ БОЛЕСТ ВО СТРАНСТВО?

Доколку настане осигурен случај, ве молиме, без одлагање обратете се на нашиот партнер за асистенција, Europe Assistance, кој нуди 24- часовна поддршка и пријавете го случајот на бројот +381 11 41 44 102.  Доколку имате пристап до интернет, имате можност да го пријавите случајот преку онлајн повик, преку онлајн апликација, или на e-адресата operationsr@europ-assistance.hu.  


Притоа, потребно е да ги дадете следните инфомации:


  • Лични податоци,
  • Број на полиса и пасош (копија од полиса, пасош, или евиденциски лист, доколку патувањето е во Р. Грција),
  • Опис на здравствениот проблем,
  • Ваша моментална контакт адреса и телефон.

 

Задолжително е случајот навремено и без одлагање да го пријавите на Europe Assistance, за да ве упатат во соодветна здравствена установа, или да ви обезбедат друг тип на асистенција (репатријација, или организирање на превоз во случај на смрт). Во спротивно, доколку не го пријавите случајот на Асистенцијата, или не ги следите нејзините инструкции, Осигурувачот има право да се ослободи од својата обврска за надомест, или истата да ја намали до износ кој може да изнесува најмногу до 300 евра во денарска противвредност. Со навременото пријавување на осигурениот случај на Асистенцијата и следење на нејзините инструкции ќе спречите ваше изложување на трошоци настанати од осигурениот случај, односно истите ќе бидат надоместени на здравствената установа директно од страна на Асистенцијата.

 

Доколку вашата полиса предвидува сопствено учество во штета – франшиза, при надоместување на лекарски трошоци пониски од франшизата Триглав Осигурување АД нема обврска за исплата.