Оглас за продажба на недвижен имот на Триглав Осигурување АД, Скопје

Триглав Осигурување продава недвижен имот на следните локации:

Опис

Адреса

Број на имотен лист и КО

Квадратура

Минимална почетна цена (во МКД)

Лице за контакт

Деловен простор

ул. Мито Хаџивасилев Јасмин бр.


ИЛ: 98911 и 46821 КО: Центар 1 98m2

59m 2

 6.119.218


 Петар Вељанов

+389 2 5102 247


Деловниот простор се состои од две простории (43м2 и 16м2) кои се продаваат како целина.

Постигнатата купопродажна цена треба да се плати во готово, со уплата на трансакциска сметка на Триглав Осигурување АД, Скопје, во рок од 30 дена од денот на изборот.

Данокот на промет на недвижност, адвокатски и нотарски трошоци, како и трошоците околу преносот на правото на сопственост ги плаќа купувачот.

Продажбата на недвижен имот ќе се врши по пат на прибирање на затворени писмени понуди. Понудите треба да содржат:

• Податоци на понудувачот (име, адреса, матичен број, телефон за контакт, е-маил),

• Имотот кој е предмет на понудата,

• Цена со вклучен ДДВ која се нуди за купување на недвижноста, изразена во денари.


Начин и рок на доставување на понудите:

• Понудите се доставуваат во затворено плико со назнака „Не отворај - понуда“,

• Понудите мора да се уредно потпишани,

• Понудите се доставуваат на адреса „бул. 8-ми Септември бр. 16“, 1000 Скопје


Триглав Осигурување АД, Скопје го задржува правото да не прифати ниедна од доставените понуди за купување, односно да не склучи договор за купопродажба.

Рокот за доставување на понудите е 15.09.2024 година.
Complementary Content
${loading}
Actions Bee Close Content-Menu Dropdown-close Dropdown LoggedIn-Image LoggedIn-NoImage LoggedOut Menu Portlet-Menu Search-close Search