Акционерите добиваат бруто дивиденда од 1,75 евра по акција

На 49-тото собрание на акционери на Заваровалница Триглав, назначени двајца нови членови на надзорниот одбор

На 49-тото Собрание на акционери на Заваровалница Триглав, акционерите го поддржаа предлогот на Управниот и Надзорниот одбор за исплата на бруто дивиденда од 1,75 евра по акција. На собранието, акционерите се запознаа со годишниот извештај за 2023-та година, го потврдија и одобрија работењето на Управниот и Надзорниот одбор за 2023-та година, назначија двајца нови членови на Надзорниот одбор и претставници на акционерите и ја одобрија Политика за надоместоци на Друштвото. 

  

На денешното 49-то акционерско собрание на Заваровалница Триглав, акционерите го прифатија предлогот на Управниот и Надзорниот одбор за исплата на дивиденда во износ од 1,75 евра бруто по акција, што претставува дивиденден принос од пет проценти. Дивидендата ќе им биде исплатена на акционерите кои ќе бидат запишани во регистарот на акции на друштвото во вторник, 18.06.2024-та година (првиот ден на тргување без право на дивиденда е понеделник, 17.06.2024-та година). Андреј Слапар, претседател на Управниот одбор на Заваровалница Триглав изјави: „Би сакал да им се заблагодарам на акционерите за довербата. Донесената одлука за исплата на овогодинешната дивиденда ја следи насоката на компанијата за доследно спроведување на дивидендната политика. Притоа, акционерите соодветно го земаа предвид мислењето на Управниот и Надзорниот одбор дека и по исплатата на дивидендата се гарантира финансиската стабилност и условите за раст и развој на Групацијата. По минатогодишната година, исполнета со предизвици, планираме нашето работење оваа година да биде во согласност со стратегијата, а потврда за тоа се ветувачките резултати од првиот квартал“. 

 

Акционерите се запознаа со годишниот извештај на Групација Триглав и Заваровалница Триглав за 2023-та година и го потврдија и одобрија работењето на Управниот и Надзорниот одбор за 2023-та година. За нови членови на Надзорниот одбор се назначени Рок Пониквар, претставник на акционерите, чиј мандат започнува на 2 -ри септември, 2024-та година и Барбара Носе, која беше именувана врз основа на предлог на акционер на годишното собрание, а чиј мандат започнува на 4-ти јуни, 2024-та година. Покрај тоа, акционерите беа информирани за назначувањето на нови членови на Надзорниот одбор, претставници на вработените. Собранието ја изгласа и политиката за надоместоци и го усвои извештајот за наградување за минатата година. На годишното собрание не беа најавени противтужби .  


Complementary Content
${loading}