Капитализацијата на групацијата се оценува како стабилна и на високо ниво според ажурираниот модел на капитал на S&P
Агенцијата за кредитен рејтинг S&P Global Ratings (во натамошниот текст: S&P или агенцијата) го потврди кредитниот рејтинг на финансиска моќ и кредитниот рејтинг на издавач „А“ со стабилна среднорочна прогноза за Групација Триглав, а со тоа и за нејзината матична компанијата Заваровалница Триглав и членката на групацијата, Позаваровалница Триглав Ре. Сите поединечни елементи на овогодинешниот кредитен рејтинг достигнуваат исто ниво како и минатата година, а рејтингот се базира исклучиво на проценката на самостојниот кредитен профил на групацијата.
Деловниот ризик на Групација Триглав повторно беше оценет како силен, а профилот на финансиски ризик беше проценет како многу силен од агенцијата за кредитен рејтинг S&P. Овогодинешната проценка беше спроведена од S&P врз основа на ажуриран модел на капитал, кој вклучува ревидирани критериуми за анализа на капитализацијата, приспособена според ризикот на осигурителните компании. Според новиот модел, капитализацијата на Групацијата останува на многу високо ниво и покажува висок вишок над минималниот потребен капитал, дури и во екстремни сценарија (99,99% ниво на доверба).
Покрај робусната капитализација, агенцијата наведува и други клучни предности на групацијата, истакнувајќи ја нејзината лидерска позиција на пазарот во регионот и во Словенија, нејзиното добро диверзифицирано осигурително портфолио, поддржано од широко разгранета продажна мрежа и висока препознатливост на брендот. Групацијата управува со своето инвестициско портфолио конзервативно, истовремено ефикасно ограничувајќи ја својата изложеност на пазарни ризици.
Стабилната среднорочна прогноза за кредитен рејтинг ги одразува очекувањата на S&P дека групацијата ќе ја задржи својата висока и робусна капитализација. Агенцијата очекува групацијата да има добри резултати оваа година, што верува дека веќе е потврдено со резултатите од овогодинешниот прв квартал. Не се предвидува негативно влијание врз работењето на групацијата во 2024 година како резултат на прекинот на дополнителното здравствено осигурување во Словенија. Во иднина, се очекува групацијата да продолжи да остварува профитабилен раст врз основа, меѓу другото, на понатамошна диверзификација на понудата и остварените приходи, како што е наведено во нејзината деловна стратегија.
Целосното соопштение на S&P е објавено на веб-страницата www.triglav.eu/en во делот Односи со инвеститорите.