Групацијата го усвои планот за 2025-та година и ја надгради стратегијата до 2030-та година
Групацијата го усвои планот за 2025-та година и ја надгради стратегијата до 2030-та година за понатамошно профитабилно, безбедно и одржливо работење. Во 2025-та година предвидува дека со редовно работење ќе оствари деловен резултат пред оданочување меѓу 130 и 150 милиони евра (нето деловен резултат меѓу 100 и 120 милиони евра). Нејзината стратешка амбиција е до 2030-та година да го удвои резултатот на износ меѓу 250 и 300 милиони евра. Групацијата ја одржува финансиската стабилност и капитализација во рамките на целниот опсег и се стреми да биде стабилна, сигурна и профитабилна инвестиција за инвеститорите.
Групацијата Триглав ја надгради својата стратегија до 2030-та година, а во нејзиното спроведување ќе ја следи својата мисија Градиме побезбедна иднина. Групацијата, во согласно со нејзината визија, ја зголемува видливостa како меѓународна осигурителна и финансиска групација.
Претседателот на управен одбор на Заваровалница Триглав, Андреј Слапар, ги сумираше главните точки од стратешките амбиции на Групацијата Триглав: „Во 2030-та година сакаме да постигнеме деловен резултат пред оданочување меѓу 250 и 300 милиони евра, што е двојно повеќе од планираното резултат во 2025-та година. Сакаме да останеме профитабилна, стабилна и сигурна инвестиција за инвеститорите, поради што си поставивме високи амбиции, како во однос на идните резултати, така и во однос на растот на обемот на бизнисот и нашата позиција на пазарите. Ние сме меѓународна осигурителна и финансиска групација, а нашата водечка позиција на пазарот во регионот ни овозможува да ги искористиме ефектите од економиите на обем и да постигнеме ефикасност на процесите. Тоа дополнително ќе го интензивираме. Ќе бидеме профитабилни во работењето, за што ќе придонесат поедноставувањето, централизацијата, дигитализацијата и вклучувањето на современи технологии во нашите процеси. Клиентите и нивните потреби остануваат во центарот на нашите активности. Сакаме да им понудиме иновативни решенија за осигурување и инвестиции на достапен начин. И конечно, ќе се стремиме да ја одржиме нашата организација агилна и ефикасна во прилагодувањето на предизвиците и промените во околината. Убедени сме дека испреплетувањето на традицијата со новите технологии, нашите мотивирани вработени и финансиската сила на Групацијата се вистинската основа за исполнување на нашите ветувања кон сите засегнати страни“.
Групацијата Триглав останува фокусирана на профитабилно, безбедно и одржливо работење. Во 2025-та година планира деловен резултат пред оданочување меѓу 130 и 150 милиони евра (нето деловен резултат помеѓу 100 и 120 милиони евра). Нејзината стратешка амбиција е во 2030-та година деловниот резултат пред оданочување да изнесува меѓу 250 и 300 милиони евра.
Групацијата ќе се залага за високо ниво на профитабилност на осигурителниот дел од бизнисот. Нејзината амбиција е комбинираниот количник на сегментите Имот и Здравје во 2025-та година и во стратешкиот период да биде под 95 проценти.
Групацијата ја зголемува својата видливост како меѓународна осигурителна и финансиска групација, што е и нејзина визија. Задржувајќи ја водечката пазарна позиција во Словенија и во регионот Адриа, ќе се стреми да ја подобри својата позиција на поединечни постојни пазари, додека на меѓународните пазари ќе ги искористи можностите за раст преку активности за реосигурување и употреба на нови деловни модели.
Групацијата Триглав ќе го зајакне обемот на своето работење, а во исто време ќе се грижи за својата диверзификација од географска и производно-услужна гледна точка и ќе го зајакне својот удел на пазарите надвор од Словенија. Се очекува дека вкупниот деловен обем во 2025-та година ќе биде повеќе од 1,8 милијарди евра, додека Групацијата има амбиција во 2030-та година обемот да биде помеѓу 2,5 и 3,0 милијарди евра. Групацијата сака да ги зајакне средствата под управување и нејзината амбиција е да надмине 10 милијарди евра во 2030-та година. Групацијата ќе го надополни амбициозно планираниот органски раст со активности за преземање, доколку има соодветни можности за нив.
Амбицијата на Групацијата е во периодот од 2025 до 2030 година, во согласност со политиката за дивиденди, на акционерите да им исплати околу 400 милиони евра дивиденда, притоа задржувајќи ја целната адекватност на капиталот и соодветните услови за нејзин раст и развој.
Триглав сака да остане осигурителна и финансиска групација, која што е оценета со висок кредитен рејтинг „А“, што е потврда за доверливо управување со ризикот и со адекватноста на капиталот. Групацијата има амбиција нето повратот на капиталот (ROE) во 2030-та година да биде помеѓу 12 и 13 проценти.
1 Работењето на Групацијата Триглав ќе зависи од макроекономските услови, движењата на финансиските пазари, покритието на реосигурување, пазарните услови, потенцијалот на пазарите на кои што таа е присутна и други фактори. Стратешките амбиции до 2030-та година се засноваат на перспективите, очекувањата за настаните и околностите и прогнозите што му се достапни на друштвото во моментот на објавување на овој документ. Вистинските резултати, операции и настани можат материјално да се разликуваат.