На крајот од третиот квартал Групација Триглав ја потврди подобрената прогноза за годишниот деловен резултат за 2024 година.

ДЕЛОВНИ РЕЗУЛТАТИ НА ГРУПАЦИЈАТА ТРИГЛАВ ВО ТРИТЕ КВАРТАЛИ ОД 2024 ГОДИНА.

Групацијата Триглав во трите квартали оваа година оствари оперативен резултат од 124,7 милиони евра пред оданочување (минатата година во истиот период -10,1 милиони евра), додека нето оперативниот резултат изнесува 106,8 милиони евра (минатата година -9,6 милиони евра). Работеше успешно во сите деловни сегменти. Вкупниот обем на работење на групацијата достигна 1.305,4 милиони евра, што е за 4 отсто помалку од минатата година, а земајќи го предвид ефектот од загубата на премијата за дополнително здравствено осигурување во Словенија, забележа пораст од 8 отсто. Групацијата, на крајот од третиот квартал, ја потврдува проценката дека годишниот деловен резултат пред оданочување ќе биде меѓу 130 и 150 милиони евра, во кои што е вклучен и надоместокот добиен од државата. Групацијата ја одржува финансиската стабилност и капитализација во рамките на целниот опсег и се стреми да биде стабилна, сигурна и профитабилна инвестиција за инвеститорите.

ДЕЛОВНИ РЕЗУЛТАТИ НА ГРУПАЦИЈАТА ТРИГЛАВ ВО ТРИТЕ КВАРТАЛИ ОД 2024 ГОДИНА.

Групацијата, во првите девет месеци од оваа година оствари деловен резултат од 124,7 милиони евра пред оданочување (лани во истиот период -10,1 милиони евра), додека нето деловниот резултат е 106,8 милиони евра (лани -9, 6 милиони евра). Матичната компанија на Групација Триглав, Заваровалница Триглав, оствари оперативен резултат пред оданочување од 75,5 милиони евра (лани: 11,5 милиони евра) и нето оперативен резултат од 64,1 милиони евра (лани: 9,6 милиони евра). Претседателот на управа на Заваровалница Триглав, Андреј Слапар изјави: „Оваа година постигнуваме добри резултати во сите деловни сегменти. Имајќи ги предвид очекуваните деловни услови до крајот на годината, уште еднаш потврдуваме дека ќе ги надминеме првичните годишни планови и ќе постигнеме годишен деловен резултат пред оданочување меѓу 130 и 150 милиони евра. Воедно, би сакал да се заблагодарам на тимот на Триглав за посветената работа за остварување на зацртаните цели.“

Групацијата Триглав речиси две третини од деветмесечниот деловен резултат пред оданочување, т.е. 79,2 милиони евра, оствари во доменот на осигурување (лани - 35,6 милиони евра). Резултатот на сегментот Имотно осигурување изнесуваше 53,0 милиони евра, додека лани, поради исклучително големиот број масовни штети и инфлаторните притисоци изнесуваше -19,6 милиони евра. Членот на управниот одбор на Заваровалница, Триглав Урош Иванц, објасни: »На овогодинешниот добар резултат на сегментот Имотно осигурување позитивно влијаеше зголемениот обем на деловно работење и ефектот од претходните зголемувања на премиските стапки, а во исто време имавме 29 отсто помалку штети во однос на истиот период лани и спроведовме голем број мерки во областа на осигурителни ризици.“ Споредено со лани, деловниот резултат во осигурителниот сегмент Живот е зголемен за 6 отсто, на 13,4 милиони евра, додека сегментот Здравство, по минатогодишната загуба, годинава оствари резултат од 12,8 милиони евра. На ова влијаеа и еднократните ефекти, особено надоместокот, добиен од државата, по основ на дополнително здравствено осигурување.

Деловниот резултат во инвестицискиот дел од бизнисот е двојно зголемен во однос на лани и изнесува 37,5 милиони евра, додека деловниот резултат на неосигурителната дејност е зголемен за 18 отсто на 8,0 милиони евра. Нејзиниот раст доаѓа главно од управувањето со средствата на клиентите во заеднички фондови и индивидуалното управување.

Од аспект на резултатите од одделните деловни сегменти, сегментот Имот оствари деловен резултат пред оданочување од 75,4 милиони евра (лани -8,8 милиони евра), сегментот Живот 21,9 милиони евра (лани 14,9 милиони евра), Здравствениот сегмент 14,3 милиони евра (лани -29,2 милиони евра) и сегментот Управување со средства 13,1 милиони евра (лани 13,0 милиони евра).

ДЕЛОВНИ ИНДИКАТОРИ НА ГРУПАЦИЈАТА ВО ПРВИТЕ ДЕВЕТ МЕСЕЦИ ОД 2024 ГОДИНА

Вкупниот деловен обем на Групацијата Триглав достигна 1.305,4 милиони евра, што е за 4 отсто помалку од лани, а имајќи го предвид ефектот од загубата на премиите за дополнително здравствено осигурување, тој е зголемен за 8 отсто. Освен во Словенија, каде што горенаведениот ефект имаше влијание, Групацијата ја зајакна осигурителната премијата на повеќето други пазари во регионот Адрија (вкупно раст од 8 проценти) и во поширокото меѓународно опкружување (раст од 12 проценти). Во согласност со целите, учеството на осигурителните премии од Словенија во Групацијата се намали на 57,3 отсто (лани 63,1 отсто), учеството на регионалните пазари, надвор од Словенија, се зголеми на 20,9 отсто (лани 18,4 отсто), а учеството на меѓународното осигурување и реосигурување се зголеми на 21,8 отсто (лани 18,5 отсто).

Пресметаните штети изнесуваа 480,7 милиони евра, што е за 42 отсто помалку од лани. Проценетата вредност на штетите од природни масовни штетни настани во првите девет месеци од годинава изнесува 42,0 милиони евра, што не се разликува значително од обемот во претходните години. Оперативните расходи, заедно со другите поврзани расходи за осигурување на Групацијата Триглав, се зголемени за 5 отсто, на 327,3 милиони евра. Трошоците за работна сила, во износ од 150,2 милиони евра имаат најголемо учество од 44 отсто во оперативните трошоци, додека најголем раст од 18 отсто имаат трошоците за стекнување осигурување, кои што изнесуваат 79,4 милиони евра. На нивниот раст влијаеше зголемениот обем на работа на пазарите надвор од регионот Адрија и продажбата преку надворешни продажни канали.

Комбинираниот количник во сегментите Имот и Здравје достигна поволни 92,5 отсто (лани 105,2 отсто). Профитабилноста на новиот бизнис во сегментот Живот од 13,7 отсто е иста како и лани. Останатите сеопфатни приходи се ниски поради усогласувањето на доспеаноста на финансиските инвестиции и обврските и изнесуваат 3,2 милиони евра (претходна година: 16,8 милиони евра). Годишниот принос на капиталот, со висок раст на нето добивката, изнесува 15,6 отсто, додека лани била негативна.

Вкупните средства под управување на Групацијата на крајот од деветте месеци изнесуваат 5.630,1 милиони евра, што е за 16 отсто повеќе во однос на крајот на 2023 година. Од нив, компаниите на Групацијата управуваа со сопствените средства, со средствата на осигурениците кои го преземаат инвестицискиот ризик и финансиските вложувања од финансиски договори во износ од 3.803,7 милиони евра (12 отсто повеќе од крајот на 2023 година). Составот на ова портфолио е споредлив со состојбата на крајот на 2023 година.

Профитабилноста на финансиските инвестиции на Групацијата, без инвестициите во корист на осигурениците кои го преземаат инвестицискиот ризик, се зголеми за 1,3 процентни поени во однос на истиот период лани и изнесува 3,1 отсто.

Групацијата Триглав годинава доби висока оцена „А“ со стабилна среднорочна прогноза од агенциите за кредитен рејтинг S&P и AM Best. Групацијата останува финансиски стабилна, адекватно ликвидна и капитализирана на соодветно ниво. Членот на Управниот одбор на Заваровалница Триглав Урош Иванц рече: „Капитализацијата на Групацијата Триглав за девет месеци беше во рамките на целниот опсег, кој е помеѓу 200 и 250 проценти“. На неа позитивно се одрази овогодинешното издавање на субординирана обврзница“.

Клучни податоци за работењето на Групацијата Триглав во првите девет месеци од 2024 година

во милиони евра


*Податоците за компаративниот период се разликуваат од оние што ги објавивме за првите девет месеци од претходната година, бидејќи ги приспособивме консолидираните финансиски извештаи за овој период за да ги исклучиме трансакциите помеѓу компаниите во Групацијата. Во двата периода, приходите од провизии за реосигурување повеќе не влегуваат во ставката вкупен обем на работење, поради што нивниот износ е помал за 4 отсто.


Complementary Content
${loading}