Кога на шпоретот ќе загори масло за готвење

Како правилно се гаси запалено масло за готвење и што значи погрешна одлука.

Уште еден во низата, обичен ден. По доаѓањето од работа веднаш започнувате  со подготовка на семејната вечера. Без размислување ја поставувате тавата на шпоретот, додавате малку масло, а во меѓувреме помагате на децата во решавање на домашните задачи. Еден момент на невнимание. Маслото на шпоретот се пали! Од рутина преоѓате во напната акција и сѐ зависи од вас. Дали правилно ќе го изгасите огнот? Проверете во нашето видео.

 

Повеќето пожари дома започнуваат во кујната

Нашите проценители откриваат дека пожарите во домот најчесто се случуваат во кујната, пред сè поради заборавена храна на вклучениот шпорет. Со ова се согласува и Боштјан Жагар, командирот од 2 смена на Пожарната бригада Љубљана, кој вели дека половина од пожарите во домаќинствата се поврзани со употреба на маслото за готвење. Маслото за готвење, на кое се заборава, како што претставено во примерот.

 

Предупредуваме дека и најмалата количина на масло за готвење можe да бидe пресуднa.

За само десет минути неколку лажици масло за готвење можат да се загреат толку многу, што можат да предизвикаат катастрофални последици.
 

Маслото за готвење на шпоретот се запалува поради две причини
 

Прва причина за палење се капките од прегреаното масло за готвење, коишто се разлетуваат наоколу. Тоа значи дека надворешната страна на садот, како и шпоретот, стануваат масни и во допир со пламен можат да се запалат.

Втора причина е  палењето на маслото во садот само од себе, доколку предолго време стоело на шпоретот. Но, тоа можете брзо да го приметите и да дејствувате, бидејќи премногу долгото загревање на маслото за готвење предизвикува миризба, којашто ве предупредува, иако не сте во непосредна близина. Миризбата е пропратена со густ чад.

 

Внимание, може да се запали и масло коешто е прегреано и коешто се обидувате да го изгаснете со вода!

 

Колку поврело масло, толку погуст чад.

 

Како да се спречат пожарите во кујната?

При готвење со масло за јадење можете да употребите неколку превентивни мерки:

  • една од клучните мерки е да не се оддалечувате од шпоретот додека готвите; значи, не се занимавајте со други работи додека готвитем,
  • употребувајте тивок оган и помала количина на масло за готвење,
  • погрижете се секогаш да имате чиста работна површина и чист аспиратор, бидејќи во спротивно може брзо да се запали.

Како да се изгаси запаленото масло за готвење?

Во видеото, со помош на пожарникарите, објаснуваме како правилно да го изгасите запаленото маслото за готвење на шпоретот. Проверете какви последици можат да се предизвикаат доколку се обидете да го изгасите на погрешен начин.


Значи, не гасете ги ваквите пожари со вода, туку само со влажна крпа, или со капак од садот за готвење. Меѓутоа, ако пожарот е веќе раширен и излегува од контрола, користете го ПП апаратот за гаснење со CO2. Според Божејан Шагар, овој начин на гасење е најефикасен и предизвикува најмала штета. Доколку немате, тогаш користете ги апаратите за гасење со прав, коишто треба да бидат поставени и достапни во секој ходник од станбен блок, или станбена зграда.


Complementary Content
${loading}
Actions Bee Close Content-Menu Dropdown-close Dropdown LoggedIn-Image LoggedIn-NoImage LoggedOut Menu Portlet-Menu Search-close Search
Actions Bee Close Content-Menu Dropdown-close Dropdown LoggedIn-Image LoggedIn-NoImage LoggedOut Menu Portlet-Menu Search-close Search