start portlet menu bar

Prikazovalnik spletne vsebine

SZM Borenka 2024
end portlet menu bar

Пошумување во регионот Кокино

start portlet menu bar

Prikazovalnik spletne vsebine

SZM Borenka 2024
end portlet menu bar

Вработените на Триглав Осигурување учествуваа во волонтерска акција за пошумување во регионот на Кокино

Вработените на Триглав Осигурување во понеделникот, на 25. 11. 2024г. беа дел од волонтерската акција за пошумување, во опожарените предели на регионот Кокино, едно од најзначајните македонски природни и културни богатства.

Со заеднички сили, волонтерите од Триглав Осигурување, извидници од проектот Боренка и претставници на ЈП Национални шуми, посадија скоро 2000 садници, симболизирајќи надеж, обнова и заложба за подобра иднина.

Проектот Боренка, кој што започна во 2022-ра година, како одговор на катастрофалните пожари што ја погодија земјата, е инспирација за зазеленување на опустошените предели преку волонтерски ангажман и соработка со локалната заедница и општествено одговорните компании. Во досегашните акции, Боренка успеа да засади повеќе од 55.000 садници, пошумувајќи при тоа над 14 хектари опожарени површини со помош на над 2000 волонтери и да организира преку 80 едукативни работилници за ученици од целата земја” – изјави Генералниот секретар на Сојузот на извидници на Македонија, Снежана Јанковиќ.

Во текот на вчерашната акција, Триглав Осигурување уште еднаш ја потврди својата посветеност кон одржливоста и заштитата на животната средина. Покрај директната поддршка во пошумувањето, Триглав овозможи и организација на четири едукативни работилници за деца, на тема заштита од шумски пожари.

„Горди сме што сме дел од вакви акции, кои што носат вистински промени и оставаат трајна вредност за природата и за заедницата, но и за нас како тим. Оваа акција во Кокино не е само еколошка заложба, туку и израз на заедништво, љубов кон природата и грижа за идните генерации,“ изјави во оваа прилика Главниот извршен директор на Триглав Осигурување, Ѓорѓе Војновиќ.

Триглав Осигурување останува посветен на својата мисија за општествена одговорност и одржливост, со надеж дека ваквите иницијативи ќе инспирираат и други компании, организации и граѓани да се приклучат кон градење позелена, поодржлива и посигурна иднина за сите нас.


За повеќе информации за проектот Боренка и неговите активности, посетете ја нивната веб-страница, https://www.borenka.mk/#/home, или следете ги на социјалните мрежи.

Complementary Content
${loading}