Зделка со заинтересирана страна

Одлука за одобрување на склучување на Договор за реосигурување на посеви и плодови за 2024 година со Триглав Ре Љубљана

Согласно член 460-г од Законот за трговските друштва Триглав Осигурување АД, Скопје известува за склучена зделка со заинтересирана страна:

Одборот на директори на Триглав Осигурување АД, Скопје, на 215-та седница одржана на ден 23.05.2024 година, донесе Одлука за одобрување на склучување на Договор за реосигурување на посеви и плодови за 2024 година со Триглав Ре Љубљана  бр.0202-1726 од 23.05.2024, врз основа на која  на ден 29.08.2024 година е склучен Договор за реосигурување на посеви и плодови за сезоната 2024 година помеѓу Триглав Осигурување АД, Скопје и Триглав Ре, Љубљана Словенија.

Вредноста на договорот изнесува 62.400 Евра, а неговата реализација ќе зависи од настанувањето на штетен настан за предметот на реосигурување. 

Капиталната поврзаност помеѓу Триглав Осигурување АД, Скопје и Триглав Ре, Љубљана Словенија произлегува од тоа што двете друштва се членки на Групацијата Триглав.

Complementary Content
${loading}
Actions Bee Close Content-Menu Dropdown-close Dropdown LoggedIn-Image LoggedIn-NoImage LoggedOut Menu Portlet-Menu Search-close Search