Зделка со заинтересирана страна

Oдобрување на склучување на Договор за давање на деловни услуги за недвижнини со Триглав, Управување со недвижности ДООЕЛ Скопје

Одборот на директори на Триглав Осигурување АД, Скопје, на 220-та седница одржана на ден 21.11.2024 година, донесе Одлука за одобрување на склучување на Договор за давање на деловни услуги за недвижнини со Триглав, Управување со недвижности ДООЕЛ Скопје, врз основа на која нa ден 06.12.2024 година е склучен договор помеѓу Триглав Осигурување АД, Скопје и Триглав, Управување со недвижности ДООЕЛ Скопје.

Договорот е склучен со времетраење заклучно до 31.07.2025 година, а целта на склучување на договорот е обезбедување на деловни услуги од областа на управување со недвижности, за потребите на Триглав Осигурување АД, Скопје.

За вршење на предметните услуги ќе се исплати вкупен надоместок во нето износ од 17.807,94 Евра, а неговата реализација и соодветните месечни исплати од страна на Триглав Осигурување АД, Скопје кон Триглав, Управување со недвижности ДООЕЛ Скопје ќе се вршат до 31.07.2025 година. 

Капиталната поврзаност помеѓу Триглав Осигурување АД, Скопје и Триглав, Управување со недвижности ДООЕЛ Скопје, произлегува од тоа што двете друштва се членки на Групацијата Триглав.

Complementary Content
${loading}
Actions Bee Close Content-Menu Dropdown-close Dropdown LoggedIn-Image LoggedIn-NoImage LoggedOut Menu Portlet-Menu Search-close Search