Одлука за одобрување на склучување на Договор за реосигурување за 2025 година со Заваровалница Триглав д.д. Љубљана
Согласно член 460-г од Законот за трговските друштва Триглав Осигурување АД, Скопје известува за склучена зделка со заинтересирана страна:
Одборот на директори на Триглав Осигурување АД, Скопје, на 223-та седница одржана на ден 21.02.2025 година, донесе Одлука за одобрување на склучување на Договори за реосигурување за 2025 година со Триглав Ре Љубљана бр.02-21219/1 од 21.02.2025 година, врз основа на која нa ден 06.03.2025 година е склучен Договор за реосигурување за 2025 година помеѓу Триглав Осигурување АД, Скопје и Триглав Ре Љубљана.
Во склучениот договор за реосигурување за 2025 година вредноста на Договорот за реосигурување на вишок штети од зелена карта изнесува 158.480 ЕУР; вредноста на Договорот за реосигурување на катастрофални штети изнесува 49.000 Евра; вредноста на Договорот за реосигурување на вишок на штети за транспорт изнесува 1.600 ЕУР; вредноста на Договорот за реосигурување на вишок на штети за каско изнесува 26.460 ЕУР, вредноста на Договорот за реосигурување на вишок на штети за незгода изнесува 15.860 ЕУР, додека за останатите реосигурувања вредноста ќе се определува по основ на пријавени ризици во текот на годината.
Капиталната поврзаност помеѓу Триглав Осигурување АД, Скопје и Триглав Ре Љубљана произлегува од тоа што двете друштва се членки на Групацијата Триглав.