Зделка со заинтересирана страна

Одлука за одобрување на склучување на Договор за реосигурување на побарувања за 2024 година со Заваровалница Триглав д.д. Љубљана

Согласно член 460-г од Законот за трговските друштва Триглав Осигурување АД, Скопје известува за склучена зделка со заинтересирана страна:

Одборот на директори на Триглав Осигурување АД, Скопје, на 218 седница одржана на ден 24.09.2024 година, донесе Одлука за одобрување на склучување на договор за реосигурување на побарувања за 2024 година со Заваровалница Триглав д.д. Љубљана, Словенија.

Врз основа на донесената Одлука, нa ден 03.10.2024 година е склучен Квотен Договор за реосигурyвање на побарувања за 2024 година помеѓу Триглав Осигурување АД, Скопје и Заваровалница Триглав д.д. Љубљана, Словенија.

Вредноста на договорот зависи од вкупната премија што ќе биде направена за осигурување на побарувања. За лимити до 1.000.000 евра, во реосигурување ќе биде предадена 95% од премијата, додека за лимити до 3.000.000 евра во реосигурување ќе биде предадена 98,5% од премијата.

Капиталната поврзаност помеѓу Триглав Осигурување АД, Скопје и Заваровалница Триглав д.д. Љубљана, Словенија произлегува од тоа што двете друштва се членки на Групацијата Триглав

Complementary Content
${loading}
Actions Bee Close Content-Menu Dropdown-close Dropdown LoggedIn-Image LoggedIn-NoImage LoggedOut Menu Portlet-Menu Search-close Search