Кога сакаш да ги оствариш своите сништа за иднината, мора
да им вдахнеш живот и да им дозволиш да живеат без ограничувања. Тие сништа се
дел од нашата мисија, во која веруваме и со која живееме, а таа е да градиме
посигурна иднина. Мисијата ја остваруваме преку нашите вредности, агилност,
едноставност и доверливост.
Секојдневно создаваме посигурна иднина за нашите осигуреници,
сопственици, деловни партнери и се разбира, за вработените. Затоа секој од нас
како поединец и сите заедно како тим веруваме дека со својата секојдневна и
стручна работа придонесуваме кон сигурноста. На секој чекор, колку и да е
мал, можеме да подадеме рака и да понудиме сигурност. Тоа важи како за мирните
периоди така и во време на неизвесност и промени.
Иднината на Групацијата Триглав е полна со надеж и
доверба, многу работа и посветеност, но и визија во која фокусот е клиентот,
како и развој на нови начини на работа кои се темел на нашиот одговорен и
долгорочен развој.
Извор за раст на профитабилноста се високо конкурентните
и квалитетните услуги, ефикасното контролирање на ризиците и финансиската
стабилност на Групацијата Триглав.
Во секоја долготрајно успешна организација, брендот е тој
што ги гарантира квалитетот и препознатливоста, што е особено важно за организациите
коишто нудат услуги. Нашите најдлабоки уверувања ги резимираме во основните
вредности на брендот, што секојдневно ги остваруваме во меѓусебните односи и во
односите со околината:
АГИЛНОСТ
На предизвиците се трудиме да одговориме брзо и ефикасно.
ЕДНОСТАВНОСТ
Нашиот фокус се клиентите, затоа нашите производи и
процеси се едноставни, високо квалитетни и транспарентни.
ДОВЕРЛИВОСТ
Ги остваруваме дадените ветувања и градиме доверба кај
нашите клиенти.
Покрај нашите вредности остануваме општествено одговорни.
Одржливиот развој на Групацијата Триглав се темели врз
општествената одговорност, која ги вклучува економскиот, законскиот, етичкиот и
филантропскиот аспект.
Јадро на секој моќен бренд е неговиот идентитет. Тој е
темел на работењето и на сите идни промени, што ќе не доведат до одржлив развој
со одличен углед. Идентитетот на брендот Триглав го сочинуваат интегритетот во
делувањето, достапноста во комуникацијата, семејството како извор на
инспирација и мотивација и понудата на најголема вредност.
Триглав Осигурување АД, Скопје како друштво постои на
македонскиот пазар од 1968 година. Основано е како единица
на Заводот за осигурување на имот и лица на Југославија (како подружница на
друштвото ЗОИЛ Југославија), а потоа прераснува во подружница со статус на
правно лице во новооснованиот Завод за осигурување на имот и лица, Дунав Белград. Во 1994 година друштвото се
осамостојува со трансформација и регистрирање како Акционерско друштво за
осигурување, Вардар, Скопје. Во ноември, 2007-ма година, Акционерското друштво за
осигурување Вардар Скопје, по откупот на 70,36% од акционерскиот капитал,
стана дел од Групацијата Триглав. Од септември, 2011-та година, по ребрендирањето
на компанијата, таа е присутна на пазарот под името Триглав Осигурување АД, Скопје.
Во Триглав Осигурување посветено работиме на постојано
подобрување на организацијата, процесите и процедурите, квалитетот на
производите и услугите, односите внатре во компанијата, како и со клиентите и
деловните партнери. Сметаме дека перцепцијата за компанијата, како и нејзиниот
одржлив развој во најголема мера се во
рацете на самите вработени и зависат од нивните вредности, експертиза и волјата
за учење. Триглав Осигурување Скопје е пазарен лидер со прогнози за раст и
углед на стабилна финансиска организација, што е само еден од показателите дека
ги применуваме корпоративните стандарди и вредности на Групацијата на која што
припаѓаме, секако прилагодени на македонскиот пазар и менталитет.
Триглав Осигурување е лидер во исплата на штети на
пазарот на неживотното осигурување во Македонија, што само дополнително говори
за брзото и ефикасно решавање на штети, сигурноста којашто ја нудиме, како и
финансиската стабилност на компанијата. Тоа го препознаваат клиентите и го
докажуваат истражувањата, според кои пазарот го оценува Триглав како
компанија која нуди највисок квалитет, финансиска сигурност и доверливост.