ГРАДИМЕ ПОСИГУРНА ИДНИНА И ПРОДОЛЖУВАМЕ ДА НАОЃАМЕ РЕШЕНИЈА ЗА НАШИТЕ ПРЕДИЗВИЦИ


Кога сакаш да ги оствариш своите сништа за иднината, мора да им вдахнеш живот и да им дозволиш да живеат без ограничувања. Тие сништа се дел од нашата мисија, во која веруваме и со која живееме, а таа е да градиме посигурна иднина. Мисијата ја остваруваме преку нашите вредности, агилност, едноставност и доверливост.

Секојдневно создаваме посигурна иднина за нашите осигуреници, сопственици, деловни партнери и се разбира, за вработените. Затоа секој од нас како поединец и сите заедно како тим веруваме дека со својата секојдневна и стручна работа придонесуваме кон сигурноста. На секој чекор, колку  и да е мал, можеме да подадеме рака и да понудиме сигурност. Тоа важи како за мирните периоди така и во време на неизвесност и промени.

Иднината на Групацијата Триглав е полна со надеж и доверба, многу работа и посветеност, но и визија во која фокусот е клиентот, како и развој на нови начини на работа кои се темел на нашиот одговорен и долгорочен развој.

Извор за раст на профитабилноста се високо конкурентните и квалитетните услуги, ефикасното контролирање на ризиците и финансиската стабилност на Групацијата Триглав.

Во секоја долготрајно успешна организација, брендот е тој што ги гарантира квалитетот и препознатливоста, што е особено важно за организациите коишто нудат услуги. Нашите најдлабоки уверувања ги резимираме во основните вредности на брендот, што секојдневно ги остваруваме во меѓусебните односи и во односите со околината:

 

АГИЛНОСТ

На предизвиците се трудиме да одговориме брзо и ефикасно.

ЕДНОСТАВНОСТ

Нашиот фокус се клиентите, затоа нашите производи и процеси се едноставни, високо квалитетни и транспарентни.

ДОВЕРЛИВОСТ

Ги остваруваме дадените ветувања и градиме доверба кај нашите клиенти.

Покрај нашите вредности остануваме општествено одговорни.

Одржливиот развој на Групацијата Триглав се темели врз општествената одговорност, која ги вклучува економскиот, законскиот, етичкиот и филантропскиот аспект.

Јадро на секој моќен бренд е неговиот идентитет. Тој е темел на работењето и на сите идни промени, што ќе не доведат до одржлив развој со одличен углед. Идентитетот на брендот Триглав го сочинуваат интегритетот во делувањето, достапноста во комуникацијата, семејството како извор на инспирација и мотивација и понудата на најголема вредност.

Триглав Осигурување АД, Скопје како друштво постои на македонскиот пазар од 1968 година. Основано е како единица на Заводот за осигурување на имот и лица на Југославија (како подружница на друштвото ЗОИЛ Југославија), а потоа прераснува во подружница со статус на правно лице во новооснованиот Завод за осигурување на имот и лица,  Дунав Белград. Во 1994 година друштвото се осамостојува со трансформација и регистрирање како Акционерско друштво за осигурување, Вардар, Скопје. Во ноември, 2007-ма година, Акционерското друштво за осигурување Вардар Скопје, по откупот на 70,36% од акционерскиот капитал, стана дел од Групацијата Триглав. Од септември, 2011-та година, по ребрендирањето на компанијата, таа е присутна на пазарот под името Триглав Осигурување АД, Скопје.

Во Триглав Осигурување посветено работиме на постојано подобрување на организацијата, процесите и процедурите, квалитетот на производите и услугите, односите внатре во компанијата, како и со клиентите и деловните партнери. Сметаме дека перцепцијата за компанијата, како и нејзиниот одржлив развој во најголема мера се во рацете на самите вработени и зависат од нивните вредности, експертиза и волјата за учење. Триглав Осигурување Скопје е пазарен лидер со прогнози за раст и углед на стабилна финансиска организација, што е само еден од показателите дека ги применуваме корпоративните стандарди и вредности на Групацијата на која што припаѓаме, секако прилагодени на македонскиот пазар и менталитет.

Триглав Осигурување е лидер во исплата на штети на пазарот на неживотното осигурување во Македонија, што само дополнително говори за брзото и ефикасно решавање на штети, сигурноста којашто ја нудиме, како и финансиската стабилност на компанијата. Тоа го препознаваат клиентите и го докажуваат истражувањата, според кои пазарот го оценува Триглав како компанија која нуди највисок квалитет, финансиска сигурност и доверливост.