Приклучете се на тимот на Триглав

Аплицирајте за позицијата First level application support (Самостоен стручен соработник за поддршка на апликативни решенија) во Триглав Осигурување АД, Скопје.

Потребни квалификации и искуство:

  • Основно познавање на Т-SQL и администрирање на SQL Server;
  • Основно познавање и искуство во работа со (C#, .NET);
  • Познавање на технологии за web и мобилни апликации;
  • Искуство во имплементација на проекти.

Природата на работното место и на работните задачи подразбира активно познавање на англискиот јазик, како и самоиницијативност, проактивност, прецизност, желба за континуирано надградување и развој.

 

Работни задачи и одговорности:

  • Обезбедување на прво ниво на корисничка поддршка – анализа на проблеми, решавање на кориснички барања;
  • Обработка на барања на корисниците: техничка поддршка за апликативни системи, отворање кориснички сметки за пристап до апликативните системи и ажурирање на правата за пристап на постоечките корисници;
  • Координација и соработка со надворешни добавувачи на апликативна програмска опрема, контрола и следење на реализацијата на нивните задачи и исполнување на договорните обврски;
  • Водење на евиденции за ревизорски и регулаторни наоди, препораки и реализации во соработка со вработените во подрачјето на ИКТ, како и outsourcing компании;
  • Соработка во преносот на знаење и примената на упатства во врска со користењето на апликативната програмска опрема од страна на крајните корисници;
  • Обезбедување на поддршка и основно одржување на веб и мобилните апликации;
  • Подготовка на извештаи и евиденции поврзани со подрачјето на работа;
  • Пренос на знаење и добри пракси во организациската единица, Друштвото и Групација Триглав.

 

Работното место е во седиштето на Триглав Осигурување во Скопје, со флексибилно работно време и можност за хибриден модел на работа.

Аплицирајте преку следниот линк http://triglav.force.com/pdm/OJP_ExtViewOJPSLO?k=6mz&id=a0N6N00000JNK2R, не подоцна од 23.04.2023 година.

Кандидатите, кои ќе влезат во потесен избор, ќе бидат повикани на интервју.