Потребни квалификации и искуство:
- Солидно познавање на Microsoft Office;
- Самоиницијативност, посветеност, претпазливост, одговорност, ажурност;
- Подготвеност за континуирано стручно усовршување.
Ќе се смета за предност претходно искуство во подрачјето на архивско работење.
Работни задачи и одговорности:
- Aжурно води евиденција за состојбата на долгувања и побарувања по судски и регресни предмети;
- Секојдневно следи ги уплатите по регресни побарувања во координација со Секторот за екомонско-финансиски работи;
- Води евиденција и пресметка на судски такси по сите основи;
- Води евиденција на сите предмети во рамките на организациониот дел;
- Ги извршува сите административно технички работи поврзани за процесот на пријава, решавање и ликвидација на штети и регреси;
- Отвара предмети на штети, судски предмети и регресни барања и архвира решени предмети;
- Евидентира судски покани;
- Врши експедиција на пошта и врши распределба на примената пошта по предмети;
- Врши автоматска обработка и евидентирање на сите судски и вонсудски спорови.
Ви нудиме интересна и динамична работа, можност за личен и стручен развој. Работа со современи технологии и непрекинато стекнување нови знаења и соработка на проекти во меѓународна околина.
Стручно усовршување, посета на курсеви за дополнување на знаењето во земјата и странство.Основната нето плата за оваа позиција изнесува 27.000,00 мкд и повеќе, во зависност од квалификациите на кандидатот.
Работното место е во седиштето на Триглав Осигурување во Скопје.
Аплицирајте преку линкот
https://triglav.secure.force.com/pdm/OJP_ExtViewOJPSLO?k=6mz&id=a0N6N00000IRjos, не подоцна од 23.04.2023.
Кандидатите, кои ќе влезат во потесен избор, ќе бидат повикани на интервју.