Целосно осигурување на возилото

Обезбедете целосно осигурување за вашето возило и не грижете се кој е причинител на штетата

До уништување или оштетување на возилото може да дојде како резултат на:

  • разни настани, врз кои што сопственикот или возачот на возилото нема влијание, на пример вонредни временски услови, елементарни непогоди, кражби, акти на непристојност од други лица и други посебни настани;
  • сообраќајна незгода, за кој што е одговорен возачот.

#Онакога ВОЗИЛОТО ВИ Е НА СЕРВИС, А ОБВРСКИТЕ СЕ МНОЖАТ


Кога ќе го оставите возилото на сервис, станувате свесни за мноштвото неодложни активности, кои што секојдневно ги завршувате. Тогаш почнувате да размислувате дека треба да стигнете на сите неодложни деловни состаноци.

Не грижете се, можете да продолжите да функционирате нормално и да ги реализирате своите планови, бидејќи со вашата Триглав каско полиса, на користење добивате заменско електрично возило од Avant Car, кога вашето возило е на сервис.

КАКО ДО УСЛУГАТА

Заменското електрично возило можeтe да го користите по пријава на штета по каско осигурување, бесплатно во времетраење до 48 часа. Заменското возилото ќе ви биде доставено од страна на Avant Car во сервис на територија на град Скопје, со кој што Триглав има склучено договор за соработка, а во кој што вашето возило ќе биде задржано на поправка подолго од 24 часа.

Пред да го оставите вашето возилото на сервис, единствено што треба да направите е да го контактирате Центарот за грижа за клиенти на Триглав на бројот 0800 02222, кој што потоа ја презема организацијата на достава на заменското електрично возило за вас.

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОВАА УСЛУГА

Услугата им следува на клиентите кои  ќе склучат или обноват Триглав каско полиса во периодот од 05.05.2022 до 30.09.2022.

Триглав бизнис комплет

Одберете ги покритијата кои што најмногу ви одговараат.
Повеќе

Документи