Осигурување од суша
Осигурувањето го покрива договорениот дел од штетата,
предизвикана од недостаток на влага во почвата, во споредба со долгорочниот
просек.
Влагата во
почвата е еден од основните услови за раст на растенијата, а со тоа и за
постигнување на очекуваниот принос. Во случај на недостаток на влага во почвата
поради услови на суша, дел од загубата на очекуваниот принос може да се пренесе
на осигурителната компанија.
Основата за
одредување на категоријата суша и следствено наплатата од осигурителната
компанија е недостатокот на влага во почвата, која се мери секојдневно
со помош на сателитски мерења, дури и во случај на облачни денови, и се
пресметува за површината на одделна општина.
Од суша
можете да осигурите житни култури, како пченица, јачмен, овес, ’рж, тритикале,
просо, пченка и соја.
Штетата
треба да се пријави во рок од 14 дена од денот на објавата/потврдата на
SPI-индексот (стандардизиран индекс на врнежи) од страна на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).