Секаде каде што има складирање на залихи на стоки во ладилници, постои ризик од нивно уништување или оштетување од различни причини. Непредвидливи временски услови, прекин во снабдувањето со електрична енергија, или едноставно дефект што го спречува функционирањето на системот што се користи за контрола на атмосферата во ладилникот, можат да доведат до влошување на работењето на една компанија. Осигурувањето на стока во ладилници претставува безбедносна мерка, која што го заштитува вашето работење од овие непредвидени настани.
Осигурувањето го покрива уништувањето или оштетувањето на залихите, како што се замрзната храна и други разладени и замрзнати трговски или индустриски стоки, кои што се уништени поради непредвиден или ненадеен дефект на опремата за ладење. Во него се вклучени сите стоки во ладилници или простории, како што се комори за ладење и складирање, кои што се наведени во полисата за осигурување.
Основниот ризик, покриен со ова осигурување, е промена на условите за ладење поради дефект на системот за ладење или системот за одржување на контролирана атмосфера и влага, дефект на медиумот за ладење или престанокот на снабдувањето со електрична енергија. Покрај овој ризик, стоката истовремено е осигурена и од основните ризици пожар и провална кражба.
Со дополнителен договор, стоката може да се осигури и од ризик излевање на вода од инсталации, поплава, лизгање на земјиште, снежна лавина и истекување на течности.
Предмет на осигурување можат да бидат и прехранбените производи и нивната амбалажа, складирани во фрижидери или витрини за длабоко замрзнување на храна. За овој вид на залихи осигурувањето покрива уништување или оштетување поради дефект на уредот за ладење што предизвикува промена во условите за ладење, дефект на уредот за ладење кој го предизвикува средството за ладење и прекин на електрична енергија.