Заштитете се во случај на прекин на работењето

Дефектот на одредени машини може да предизвика сериозни проблеми.

Ако вашето деловно работење се потпира на машини со висока вредност или специјализирани машини, кои што се клучна алка во секојдневното работење, дефектот на таквите машини може да предизвика значителни загуби - не само од перспектива на поправка или замена, туку и во однос на загубите од прекинот во деловното работење, но и нарушувањето на угледот на компанијата поради последиците од застојот.

Во вакви околности компаниите се заштитуваат од вакви штети со склучување договор за осигурување од прекин на работа поради кршење на машини, со што штетата се надоместува во износ, приближен на загубената добивка, за која што придонеле конкретни машини. По правило, се осигуруваат одредени машини, кои што би можеле да имаат значително влијание врз деловното работење на компанијата, односно да предизвикаат подолг прекин на работа и да предизвикаат загуби.

Осигурување од прекин на работа поради пожар е уште еден производ, кој што може да ги заштити вашите интереси, проверете ги можностите и заштитете се подобро.