Заштитете ги вашите инвестиции

Фотоволтаичната електроцентрала е инвестиција, која што е важно да се заштити.

Фотоволтаичната електроцентрала, без оглед колку добро е изградена, инсталирана и редовно одржувана, изложена е на непредвидени опасности. Таа може да биде погодена од силни ветрови, многу силен град, удар од гром, пожар во објектот или на покривната конструкција на која што е поставена, што може да доведе до сериозни оштетувања, чија пак поправка е поврзана со високи трошоци. Затоа, како и секое друго вредно средство, по инсталирање на фотоволтаична централа, паметно е да се земе предвид осигурување.

Овој производ носи низа поволности за сопствениците на фотоволтаична централа, односно:

  • можност за осигурување на целиот фотоволтаичен систем (фотоволтаичната електроцентрала и нејзините составни компоненти);
  • можност за склучување на осигурување на фотоволтаична електроцентрала поставена на градежен објект (дом, производствен објект, викендица) или на слободен простор;
  • можност за избор на осигурително покритие.

Покрај основното пожарно осигурување, може да се договори и:

  • осигурување од кршење и провална кражба и разбојништво,
  • осигурување од прекин на работа поради пожар и кршење на машини,
  • осигурување од одговорност кон трети лица.