Задолжително осигурување

Автомобилска одговорност (АО) е задолжително осигурување согласно законската регулатива, што мора да го има секое регистрирано возило.

Ова осигурување го штити вашиот бизнис од финансиски загуби. Доколку, во случај на несреќа, возачот на возило во сопственост на компанијата предизвика штета на трети лица (штети на имот, на пример возило, зграда, ограда итн.,  или телесна повреда или смрт), осигурителната компанија обезбедува надомест на оштетената страна за сета материјална и нематеријална штета.

Притоа, не заборавајте ја меѓународната карта за осигурување на возила (зелена карта), која е валидна како меѓународен сертификат за осигурување од автоодговорност (АО).

Внимателноста никогаш не е залудна. Осигурувањето од автоодговорност покрива само штети предизвикани на други учесници во сообраќајната незгода, затоа препорачуваме да ги осигурите и возачот, кој ја предизвикал несреќата, како и неговите сопатници во случај на лична повреда или смрт (авто незгода).

Триглав бизнис комплет

Одберете ги покритијата кои што најмногу ви одговараат.
Повеќе

Погледнте ги и другите осигурувања поврзани со автомобили