Осигурувањето од прекин на работата поради пожар е неизбежна форма на заштита во современиот бизнис. До прекин на работата најчесто доаѓа поради настани поврзани со природни непогоди, како пожари, поплави, удари од гром, експлозии, луња и слично и, како резултат на еден од овие штетни настани, компаниите се соочуваат со економски последици, кои што често ја надминуваат вредноста на материјалната штета, предизвикана од уништување или оштетување.
Целта на осигурувањето од прекин на работа е да им помогне на компаниите да ги повратат изгубените приходи и да продолжат со работењето што е можно понепречено во време на криза. Ова осигурување делува како заштитна мрежа за компаниите, овозможувајќи им покритие на тековните трошоци како плати, комунални услуги, плаќања камати, трошоци за наемнини. Доколку посебно се договори, може да се вклучи и покритие на добивка пред оданочување.
Проверете ги и предностите на Осигурување од прекин на работа поради кршење машини.