Земјотресот како ризик секогаш е дополнителна опција на веќе постоечките пакети за осигурување:
- осигурување од пожар и други опасности (основни ризици) и
- комбинирано осигурување на домаќинства.
При склучување на пожарно, или пак комбинирано осигурување на домот, можете дополнително да обезбедите покритие во случај на земјотрес.
Доколку склучите, или пак веќе имате полиса за осигурување од пожар и други опасности, осигурителната полиса ги покрива следниве ризици во рамките на пакетот: пожар, луња, град, удар на гром, излевање на вода од инсталации, манифестации и демонстрации, експлозија (освен нуклеарна), удар од сопствено моторно возило и паѓање на воздушни летала. Дополнително можете да го вклучите и ризикот земјотрес.
Доколку склучите, или веќе имате полиса за комбинирано осигурување на домот, полисата ги покрива истите ризици, како и осигурувањето од пожар и други опасности, а дополнително вклучува и осигурување на стварите во домот, како и покривање на ризикот провална кражба и разбојништво. Исто како и кај пожарното осигурување, со доплата на премијата може да се склучи и осигурување од ризикот земјотрес.