Ова осигурување може
да го склучи правно или физичко лице. Осигурувањето може да биде индивидуално
или групно, при што премијата за едно лице во двата слуачи е иста.
Постојат повеќе видови
осигурување за спортисти-аматери:
- Осигурување
од незгода за спортисти по професија – професионалци;
- Осигурување
од незгода за членови на спортски организации – аматери;
- Осигурување
на учесници во спортски натпревари и трки;
- Осигурување
на трошоци за лекување и за странски учесници на спортски натпревари;
- Осигурување
на учесници на масовен рекреативен настан.
Исплатата на дневниот
надомест кај спортистите аматери е поврзана со времетраењето на неспособноста
за извршување на нивните редовни работни обврски, не со неспособноста за спортски
активности.
Врвните и
професионалните спортисти се осигуруваат по посебни премиски групи. Исплатата
на дневниот надомест трае сѐ додека спортистот не е во состојба да ги извршува
своите редовните работни обврски – тренинзи и натпреварувања.