Компаниите се одговорни за производите што ги произведувааат, продавааат или дистрибуираат, како и за услугите што ги обезбедуваат. За жал, не можат секогаш да се предвидат и контролираат сите околности. Можно е во производството, при контрола на квалитетот или следењето на процесите, да се провлече грешка, која што не може да се предвиди. Во таков случај, одговорноста за какви било загуби или штета кога еден од производите е неисправен и повреди трето лице или доведе до материјална штета ќе биде на страна на компанијата .
За да се обезбеди одредена финансиска заштита во овие околности, осигурувањето од одговорност од употреба на производ може да помогне во покривањето на правните трошоци за сите побарувања поднесени против вашата компанија.
Осигурувањето од одговорност од употреба на производ опфаќа:
- штети предизвикани од грешка или недоволна исправност на производот што осигуреникот го пуштил во оптек и за кој е одговорен врз основа на закон;
- штети предизвикани од несиправно извршена работа или услуги на производот што ги извршил осигуреникот и како резултат на тоа настанал штетен настан кога услугите/работите веќе биле завршени.
Нивните последици можат да бидат:
- повреда на лице - телесна повреда, повреда на здравјето или смрт на лице и
- оштетување на предмети - уништување, оштетување или исчезнување на предмети.
Покритието ја вклучува и одговорноста на осигуреникот за штета предизвикана од компоненти или составни делови, што осигуреникот ги вградува во своите производи, а кои ги направиле или испорачaле други лица.