Заштитете го вашиот бизнис

Осигурување од општа одговорност ја покрива штетата, којашто настанала како резултат на неочекуван и изненадувачки настан во извршување на дејноста на осигуреникот, за којашто е одговорно друго лице.

Осигурување од општа одговорност ја покрива одговорноста од штета предизвикана при повреда на лица (телесни повреди, нарушување на здравјето, или смрт), како и штета предизвикана на предмети (уништување, оштетување или исчезнување).

Со дополнителен договор, ова осигурување може да се прошири, со цел да опфаќа одговорност за имотна штета, којашто настанала поради дејство, пропуст, или грешка, а којашто не опфаќа лица и предмети.