Одговорен однос кон клиентот

Со ова осигурување превозникот не ја осигурува пратката, туку својата одговорност за неа, а со тоа и финансиската загуба којашто може да биде предизвикана.

Друмските превозници со договорот за вршење на превоз на стоки, ја преземаат и одговорноста за штетите, коишто можат да настанат на товарот, за којшто тие се одговорни. Оваа одговорност се уредува со домашното законодавство, како и со меѓународни конвенции.

Со ова осигурување превозникот не ја осигурува пратката, туку својата одговорност за неа, а со тоа и финансиската загуба којашто може да биде предизвикана.


Основа за исплата на штета е одговорноста на превозникот. Сите други штети, коишто можат да настанат на товарот, не се покриени со ова осигурување.

Должност на превозникот е да го преземе товарот и да го пренесе до крајната дестинација во истата состојбата во којашто го примил.


Што се осигурува со ЦМР полисата?

ЦМР полисата обезбедува покритие во следните случаи:

  • Целосен или делумен губиток на робата;
  • Целосно или делумно оштетување на робата;
  • Штета предизвикана со задоцнување на пратката.
Ова осигурување се  однесува единствено на товарот, којшто превозникот, врз основа на товарниот лист, го презема со превозното средство за кое што е наменето  осигурувањето.