Осигурување на воздушни летала

Летањето може да биде непредвидливо. Затоа, одлучете се за најдоброто осигурување и грижете се за безбедноста при полетување, за време на летот и при слетување.

Пред сè, погрижете се да склучите задолжително осигурување од одговорност за покривање на секоја штета предизвикана на трети лица за време на летот или на земја (смрт, лична повреда, нарушено здравје и уништување, штета и загуба на имот). Ова осигурување е задолжително за управувачот и за сопственикот на воздухопловот.

Триглав Осигурување се грижи за обесштетување на трети лица во следните случаи:

  • случај на смрт;
  • траен или делумен инвалидитет;
  • минлива телесна повреда или заболување;
  • штета на нивниот имот.


Каско осигурување на воздушни летала

Со каско осигурувањето можат да се осигурат воздушните летала, кои што се поделени на неколку категории:

  • авиони;
  • хидроавиони;
  • едрилици;
  • хеликоптери.

Со ова осигурување ги обезбедувате воздушните летала од целосна или делумна штета, што настанала од еден независен случај.

Осигурувањето на воздушните летала ги опфаќа трупот на леталата, мотори со стандардни инструменти и опрема.